ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дигитализацијата во правосудството полека излегува од зачмаеност

February 8, 2022 12:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на дигитализација на правосудството генерално се води според Стратегијата за ИКТ во правосудството 2019 – 2024 година, која во меѓувреме е и ревидирана. Иако во оваа стратегија се наведени и краткорочните и долгорочните цели, базирани врз актуелната состојба и визијата каде треба да се движи овој процес на дигитализција во правосудството, се чини дека посериозните исчекори се направени дури оваа година, се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“, пишува „Вистиномер“.

На крај од првиот квартал 2021 година на седница на Влада беше усвоена Информацијата со планирани активности за дигитализација во судството за 2021 година, со која беа планирани серија активности што ќе се одвиваат фазно и чија цел, амбициозно беше најавена, дека ќе биде исполнета до крајот на 2021, а тоа е целосна дигитализација на 100 судници во 34 суда во РСМ:

Покрај опремувањето на повеќе од 100 судници низ 34 суда во Северна Македонија (27 основни суда, четири апелациони суда, Управен и Виш управен како и Врховниот суд), со планот за дигитализација во судството се предвидува да се опреми и судница во рамките на Академијата за судии и јавни обвинители, како и во Затворот „Идризово“. Опремувањето на судниците за онлајнсудење е предвидено да се реализира до крајот на 2021 година, се наведува во соопштението од Владата.

Ова секако не е исполнето со крајот на 2021 година, сепак, стартуваше дигитализација во процесот на услугите што ги нуди судството. Во октомври 2021 на највиско ниво беше искомуницирано со јавноста дека стартува електронско издавањепотврди од казнената евиденција за потребите на граѓаните. На истата прес-конференција беше најавено дека наскоро ќе започне и услугата од кривичната евиденција, како и уверенија дали на некои од граѓаните им била изречена некаква санкција.

Покрај ефектите од заштеда на време, користење на владиниот портал за Е-услуги, и тогашниот премиер, Зоран Заев и министерот за правда, Бојан Маричиќ изјавија дека со овој чекор, според анализите, ќе се заштедат големи средства во судството, дека се намалува можноста од корупција, но ја потенцираа и еколошката димензија на огромни заштеди во хартија. Со целиот процес на дигитализација раководи Национална работна група, односно Совет за ИКТ во правосудството, предводена од судијата Лазар Нанев, кој како претседател на Основниот суд во Кавадарци во 2020 година го изведе првото онлајн-судење во РСМ.

Спомената стратегија за ИКТ во правосудството, уште во 2019 година прецизно ја опишува лошата состојба во судството и уште полошата состојба во системот на јавното обвинителството. Генерално, се наведени констатациите дека постои фрагментираност во развојот на ИКТ-технологијата во правосудството, дека во судовите состојбата со хардверот е лоша, а некаде и на критично ниво, дека состојбата со софтверот е различна, но секако констатирани се потребите од развој на нов софтвер или унапредување на постојниот, како АКМИС на пример и сличен таков во Јавното обвинителство, кои се клучни за движење и распределба на предмеите и во двете институции, но и за судската статистика, потоа дека недостига ИТ-кадар, особено во системот на Јавното обвинителство и, на крајот, интероперабилноста на правосудниот систем со другите корисници, вклучувајќи ги и граѓаните, што е предвидено како долгорочна цел. Единствена задоволителна состојба е констатирана релативно кај Врховниот суд на РСМ и речиси целосно добра состојба кај Академијата за судии и обвинители.

Патем, овие констатации за лошата состојба на ИТ-технологијата во судството, во меѓувреме, добија потврда и од Функционалната анализа на основните судови во РСМ претставена во ноември 2021 година.

Функционалната анализа потврди дека компјутерската поддршка во основните судови е недоволна за да ги поддржи сите информатички процеси кои се предвидени во законската рамка за судовите. Во анализата се прикажани податоци за компјутерската опрема во судовите и се утврди дека е евидентно застарена или нефункционална за да ги обезбеди основните судови во исполнување на нивните надлежности, а дополнително се утврди отсуство на посебна организациска единица која ќе ги следи работните процеси со примена на ИКТ во судовите. Во тој контекст, анализата го прикажува и потенцијалот на Автоматизираниот компјутерски систем за движење на предметите во судот (АКМИС) и можностите што ги има за собирање, обработка и анализа на податоците за предметите, но кои во отсуство на утврдени процедури и надлежности недоволно се користат во основните судови.

Извор: МЕТА

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Мицкоски: Во која дупка е пикнат Славески? А, контра-синдикат да им направиме?!

EVN

НАЈНОВО

ЦИВИЛ: Пресудата против новинарот Насер Селмани сигнализира опасна пракса и закана за слободата на изразување

February 17, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ обвини дека Мицкоски патувал со владин авион на Јадран, Владата тврди дека нема злоупотреба

February 17, 2026

Џордано Бруно – човекот кој беше запален затоа што универзумот го направи бесконечен

February 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 16 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Федерер е најголемиот тенисер во историјата, но Ѓоковиќ е најдобриот, смета Крајичек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто човекот не се вратил на Месечината повеќе од 50 години?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Групата Лелек победи на Дора 2026 со „Андромеда“, ќе ја претставува Хрватска на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk