ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Мехмедовиќ: Сè уште сме во фаза на широка трансмисија на КОВИД-19, рано е за укинување на сертификатот

February 8, 2022 14:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Facebook

Facebook

Share on FacebookShare on Twitter

Сè уште сме во фаза на широка трансмисија на вирусот и е рано за укинување на сертификатот по прележана болест. Имаме голем број на новозаразени. Со укинувањето на сертификатите кои важат за контрола на движење на граѓани во затворен простор каде најголема е опасноста од трансмисија на вирусот, ќе направиме многу поголема трансмисија на вирусот без разлика на искуството што го применуваат Велика Британија, Данска и другите европски земји. Кај нив имунитетот постигнат преку имунизација или вкупниот имунитет преку имунизација или прележување на болеста е значително поголем од тоа што е кај нас.

Ова денеска го истакна портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конфернецијата на која ги образложи препораките донесени на денешниот состанок на Комисијата.

Не треба да зборавиме, посочи тој, кај нас процентот на вакцинација со две дози е 40 проценти од населението, споредено со тоа, во Данска има 85 проценти од населението што е вакцинирано, или во Велика Британија некаде преку 80 проценти населението е вакцинирано.

– Не може да ги гледаме работите индивидуално, односно да кажеме дека останатите земји што ги укинуваат сертификатите се добар пример и дека тој треба да го следиме. Треба да видиме каква е актуелната епидемиолошка состојба кај нив, каков е имунитетот што го имаат создадено и ако тоа одговара на нашата епидемиолошка состојба тогаш да го примениме. Во овој момент нема апсолутно никаква логика тоа да го правиме затоа што КОВИД-сертификатите својата важност односно својата тежина ја добиваат преку тоа што ги штитат тие кои не може да ги имаат. Не зборуваме за лажните сертификати. Зборуваме за сертификати што се валидни, рече д-р Мехмедовиќ.

Доколку имате сертификат што е валиден, појасни тој, тоа значи дека си вакциниран или имате прележано болест, сега според новите препораки што ги даваме и до 180 дена по прикажување на КОВИД позитивен ПЦР тест или по вакцинирањето

– Значи, во однос на тие сертификати што се валидни се сертификати дека имате никаков имунитет кон вирусот. Заштитата е за тие луѓе кои немаат имунитет и да им се забрани практично да им се овозможи да влегуваат во простории каде може да го изложат своето здравје на опасност или притоа да бидат хоспитализирани или да имаат смртен исход, додаде д-р Мехмедовиќ./MИА/.

Next Post
Benedetto xvi primi piani, ritratti  (Vatican Media)

Поранешниот папа Бенедикт се извини на жртвите на сексуална злоупотреба во Католичката црква, но тврди дека не ја прикривал вистината

Најново

Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk