ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Минимална плата од 18.000 денари и сменета методологија на усогласување

February 8, 2022 07:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По неколкудневни преговори вчера беше постигнат договор минималната плата да биде зголемена од сегашните 15.200 денари на 18.000 денари. Зголемувањето ќе започне со мартовската плата што значи дека веќе во април околу 80.000 работници во земјава ќе земат минимална плата од 300 евра.

Со ова е исполнето барањето на синдикатите кои инсистираа минималната плата веднаш да биде зголемена на 18.000 денари укажувајќи дека тоа е егзистенцијална потреба на работниците во услови кога се зголемени животните трошоци.

Зголемувањето на минималната плата ќе биде потпомогнато од страна на државата која ќе го субвенционира делот од придонесите за што од Буџетот ќе бидат одвоени 16 милиони евра до крајот на годината.

– Осумдесет илјади наши работници, наши сограѓани, од различни индустрии почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно. Зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, која на работниците ќе почне да им се исплаќа на почетокот на април, е мерка која во најголема мера ги опфаќа вработените во микро и малите претпријатија, трговијата, преработувачката индустрија и други важни индустрии во земјата, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-социјалниот совет.

Се менуваат и критериумите за усогласување на минималната плата, односно таа ќе се формира како 50 проценти од порастот на на просечната плата и 50 проценти од процентот на индексот на живот, со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57 проценти.

– Добивме една нова методологија – 50 проценти од растот на просечната плата и 50 проценти од трошокот за живот, а во методологијата го изоставивме делот за БДП кој во минатото ни правеше големи негативни ефекти, знаејќи дека минатата година беше минус 0,7 проценти и не успеавме да ја усогласиме минималната плата на ниво достоинствено за работниците, изјави вчера претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

Од синдикатите се надеваат дека порастот на минималната плата позитивно ќе се одрази и на растот на останатите плати во државата, односно дека ќе се почитува член 8 од Законот за минимална плата.

Работодавачите очекуваат поголема продуктивност од работниците, а допрва ќе ги прават анализите за тоа какви реперкусии ќе имаат врз работењето.

– Ова е нова одлука за нас, со нови методологии и нов пристап. Од таа причина ќе мора дополнително да го консултираме нашето членство и да излеземе со став по однос на реперкусиите врз работењето. Како што вети и Синдикатот, очекувам да останат доследни на својот збор дека работниците задоволни од минималната плата ќе придонесат за зголемување на продуктивноста, истакна вчера претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајкоска.

Со позитивна оценка за порастот на минималната плата се огласи и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој беше вклучен во разговорите со синдикатите и работодавачите. Според него, ова е солидарно решение со кое им се излегува пресрет и на граѓаните и на стопанството.

– Дијалогот вроди со плод. Од март, околу 80.000 мои, ваши сограѓани ќе добијат минимална плата од 18.000 денари. 13 проценти од вработените во нашата земја земаат минимална плата, со ова покачување им помагаме да се извлечат од прагот на сиромаштија. Европскиот стандард на луѓе кои примаат минимална плата е 3 проценти од вкупниот број на вработени, и кон тој стандард треба да се приближуваме и да работиме, напиша Битиќи на „Фејсбук“.

Пред вчерашниот состанок, минатата недела беа одржани две седници на Економско-социјалниот совет кои беа без договор поради различните ставови на синдикатите и работодавачите. Во петокот, Бизнис конфедерацијата излезе со предлог зголемувањето на минималната плата да биде субвенционирано од страна на државата. Ваквиот предлог беше разгледан на вчерашниот Економски совет на Владата. /МИА/.

Next Post

(ВИДЕО) Ковачевски: Ветено-исполнето

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk