Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, кој е и актуелен претседавач на советот на Град Скопје, на мејлот на Фронтлајн испрати непримерна реакција за објавен сатиричен текст на Фронтлајн.мк во рубриката за сатира АХА.
Еве го Славески, ве поздравува, угурсузи едни, манипулатори!!!, напиша Славески во мејл до редакцијата на Фронтлајн, испратен од неговата официјална e-mail адреса од УКИМ: [email protected].
Снимка од екран од содржината на пораката испратена од Славески до Фронтлајн. и Снимка од екран од веб страницата на УКИМ каде е мејл адресата што ја користи Славески
Оваа навредлива реакција од професорот на УКИМ и член на највисоките тела на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, очигледно (според „угурсуз“) се однесува на сатиричниот текст објавен на Фронтлајн.мк со наслов: Мицкоски: Во која дупка е пикнат Славески? А, контра-синдикат да им направиме?!
Текстот е поткрепен и со фотомонтажа и е потпишан од РИБАРО, а во дисклјемер под текстот со задебелени букви е потенцирано дека се работи за сатира, а истиот е и во рубриката за сатира „АХА!“.
Која е целта на политичарот и функционерот Славески платен од народот, да се заканува на автор на сатира и порталот каде е објавена, за сатиричен текст, не е јасна, но јасно е дека ја промашил.
Ј. Ѓорѓиоски