Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се толку неспособни што не можат ниту сметките да си ги подмират, пишува во соопштението на СДСМ.
Владата во делот на енергетстата криза веќе помага на граѓаните и малите потрошувачи. Со навремени мерки Владата спречи голем ценовен шок и граѓаните се заштитени од превисоки цени за струја.Данела Арсовска е време сериозно да ја ревидира својата улога во оваа енергетска криза и да земе нешто да работи, велат од СДСМ.
Прво се прогласи ненадлежна за парно греење и скопјани ги остави сами на себе. Интервенираше Владата, го презема и скопјани имаат парно. Истата таа Данела Арсовска повторно се обраќа со нови барања за електрична енергија. Како тоа нема пари за сметки а има за 109 партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата во Скопје?, реагираат од СДСМ.
Во услови на криза Данела мора да ги сведе непродуктивните трошоци на минимум, пишува во соопштението на СДСМ.







