Во духот и стилот на ВМРО-ДПМНЕ, и нивниот портпарол Наум Стоилковски исто така реши да плука по граѓаните.
„Наставник во основно 24.000. Наставник во средно 25.000. Минимална „на приватно“ 18.000. Ако не па наставници после школо да поработат на каса у драгстор?, гласи неговиот статус на Фејсбук.
Овој негов статус, ги разгневи повеќето корисници на социјалните мрежи.
Со оваа објава е очигледно дека Стоилковски сака да ги понижи работниците во маркетите, откако пред два дена официјално беше постигнат договор со Сојузот на Синдикатите и работодавачите дека почнувајќи од мартовската плата, минималната плата ќе биде најмалку 18.000 денари.
М. М.