ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ССМ очекува пратениците едногласно да поддржат минимална плата од 18.000 денари

February 9, 2022 14:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува пратениците едногласно да го донесат законот со кој минималната плата во државата се зголемува на 18.000 денари и сметаат дека е постигната нивната цел законот да се донесе и без да се одржи најавениот собир за поддршка на пратениците пред Собранието.

-Имајќи предвид дека сите политички партии и пратеници веќе се изјаснија дека ќе го гласаат законот, нашите очекувања се дека пратениците едногласно ќе го донесат законот со кој ќе се зголеми минималната плата што ќе влијае и на зголемување на останатите плати во државата. ССМ побара од претседателот на Собранието Талат Џафери согласно неговите надлежности, да овозможи претставници на ССМ (членовите на Економско – социјалниот совет) да имаат можност да ја следат седницата во Парламентот, соопштуваат од ССМ.

Нагласуваат дека барањата на ССМ и работниците се прифатени од социјалните партнери, а се поддржани и од пратениците кои најавија дека ќе гласаат за, со што, како што велат, се постигна целта и без да го одржиме најавениот собир за поддршка на пратениците пред Собранието.

-Како што знаете на 7 февруари, на седница на Економско – социјалниот совет преговорите со социјалните партнери водени во врска со предлогот на ССМ за измени и дополнување на Законот за минимална плата во насока на утврдување на минимална плата во износ од 18.000 денари кој износ претставува 62 отсто од просечната нето плата, што ќе придонесе за скалесто зголемување на останатите плати, беше постигнат договор кој како предлог на Закон ќе биде доставен од страна на Владата до Собранието на усвојување. Владата веднаш, уште во текот на вчерашниот ден го усвои вака утврденото законско решение и ќе го достави до Собранието за на утрешната седница истото да биде прифатено од пратениците, порачуваат од ССМ./МИА/.

Next Post

Тупанчески – Гир: Спроведувањето на реформска агенда останува наш приоритет

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk