ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Дерала: Русија изврши агресија врз Украина во 2014 година, тоа е закана за светскиот мир

February 10, 2022 22:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Руско-украинската криза започна кон крајот на 2013 година и кулминира со воената агресија и анектирањето на полуостровот Крим и воено-политичката и пропагандна поддршка на проруските паравоени формации во источните делови на Украина“ – истакна Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦивилМедиа, на почетокот на панел дискусијата „Руско-украинската криза и Северна Македонија“, како дел од серијата настани „Во фокусот на ЦИВИЛ“, одржана на 09.02.2022 година, пишува ЦИВИЛ.

„Во моментов, 7,2% од украинската територија е под окупација, на границите со Украина се распоредени повеќе од 100,000 руски војници и тешко вооружување, а во тек се големи дипломатски напори да се одврати Русија од целосна инвазија на Украина“ – потсети Дерала.

Понатаму, во воведот во панел дискусијата, Дерала истакна дека руско-украинската криза има силно влијание на целиот свет, а последици веќе се чувствуваат во Северна Македонија, како и во земјите на Западен Балкан. Пред сè, земјите на Западен Балкан се ранливи од повеќе аспекти, особено затоа што не се под чадорот на ЕУ, кој има далеку поголема економска и политичка моќ да ги заштити своите земји членки. Дел од земјите на Западен Балкан се членки на НАТО, што е „олеснителна околност“. Но последиците во поглед на економијата, како и силниот пропаганден притисок, ги прават сите земји во регионот подложни на политичка нестабилност и кризи.

„Општеството и јавноста се поделени на проруски и прозападни. Можни се и посериозни економски и енергетски шокови, доколку тензиите останат“ – констатира Дерала.

ЦИВИЛ како организација и ЦивилМедиа како медиумска платформа на македонски, албански и англиски јазик, секојдневно објавува вести од тој регион. Голем број анализи, изјави и интервјуа беа направени со користење на релевантни извори кои пред македонската јавност ја претставуваат состојбата каква што е, лишена од пропаганда и манипулации со фактите.

„Изворите на ЦивилМедиа се, меѓу другите, независните медиуми и во Русија и во Украина, официјалните веб страници на руското и украинското МНР, како и извори од релевантни медиуми, експерти и државни институции во земјите на Западен Балкан, ЕУ и САД“ – открива Дерала.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ги избра 16. заменик-министри во Владата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk