ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска – Бенгтсон: Шведска останува силен поддржувач на реформските цели на Владата и на интеграцијата во ЕУ

February 10, 2022 15:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска задолжена за политики за добро владеење, денеска, во својот кабинет ја прими амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон, информираат владините служби.

Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон честитајќи и го мандатот на вицепремиерката Грковска ѝ посака успешна работа искажувајќи уверување дека нашата земја останува на агендата за развојна соработка на Шведска, со акцент на билатералната соработка меѓу двете земји во рамки на Договорот за развојна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска.

Шведската амбасадорка информираше и ја подвлече важноста на новата шведска Стратегија за развојна помош 2021- 2027 која ја вклучува и Северна Македонија.

Како главни полиња на идната билатерална соработка, амбасадорката ги издвои зајакнување на демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото.

Вицепремиерката Грковска заблагодарувајќи се на континуираната поддршка од Кралството Шведска во однос на остварување на нашите европски интеграции ги претстави приоритетните активности потенцирајќи дека во фокусот на нејзината работа е ставена поголемата координација и соработка на институциите, на партнерско ниво, со акцент на детектирање на слабостите и изнаоѓање соодветни решенија за нивно надминување.

Во оваа насока беше истакната потребата од професионалната јавна администрација поткрепена со интензивна дигитализација за обезбедување квалитетни услуги и бенефити за сите граѓани.

На денешната средба, соговорничките дел од времето посветија и на разговор за нивните лични определби и преземени практики за јакнење на свеста за унапредување и зајакнување на позицијата на жените во одлучувачките структури и политиката.

Next Post

Рускиот генерал Ивашов порача дека на Путин треба да му се суди како на главните воени злосторници во Нирнбершкиот трибунал

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk