ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ – Фрагојанис: Грција денес е силен лобист за нашата интеграција во ЕУ

February 11, 2022 13:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска беше домаќин на средбата со заменик-министерот за надворешни работи, за економска дипломатија и отвореност на Република Грција, Костас Фрагојанис, со кој изразиле  задоволство од динамиката на релациите помеѓу Северна Македонија и Грција во рамки на Договорот од Преспа и зајакнатата билатерална соработка.

Како што соопшти СЕП, од грчка страна била потврдена силната поддршка за забрзување на евроинтегративниот процес, како од политички, така и од аспект на обезбедување експертска и техничка поддршка на тимовите во земјава кои ќе работат на поглавјата со цел отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Унијата.

-Ме радува тоа што денес Република Грција е силен лобист за европската перспектива на Северна Македонија и наш пријател и партнер во исполнување на оваа наша стратешка цел за заокружување на долгогодишниот пристапен процес, со отпочнување на преговори за членство во ЕУ, истакнал вицепремиерот Маричиќ.

Резултатот од Договорот од Преспа, се вели во соопштението од СЕП, ги постигна своите цели и освен решение на тридецениското отворено прашање меѓу двете соседни земји, создаде сојуз и партнерство, и ја разви билатералната соработката која отвори нови можности за двете земји.

На средбата од наша страна била изразена подготвеност за повторно активирање на соработката во рамките на Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, потпишан во април 2019 година. Маричиќ и Фрагојанис ги разгледале можностите за продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји од аспект на поддршка на реформскиот процес, како и проширување на економската соработка во рамките на Меморандумот за формирање на управен комитет за економска соработка согласно Договорот од Преспа, чија процедура за ратификација беше финализирана во јули 2021 година.

-Добрососедските односи резултираа и со зајакнување на прекуграничната соработка и ќе продолжиме да ја унапредуваме соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, преку реализација на проектите финансирани од Програмата за прекугранична соработка, се додава во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Извор: МИА

Next Post

ЗОИ: Поел најбрз на 10.000 метри со нов светски рекорд

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk