ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стручните училишта и годинава во фокусот на уписната политика, МОН ќе ја креира со општините и компаниите

February 11, 2022 14:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Почнува дијалогот меѓу централната власт, локалните самоуправи и бизнис-заедницата за стручните профили во средни училишта и општини и со колку паралелки ќе бидат отворени во учебната 2022/2023 година. Најавувајќи ја серијата средби во сите региони во државата во овој и наредниот месец, министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека целта на социјалниот дијалог е да го зголеми бројот на запишани ученици во средните стручни училишта, да ги поттикне компаниите да ги отворат вратите за феријална пракса или за дуални паралелки и да ја промовира важноста на средното стручно образование.

– Средните стручни училишта може повторно да бидат прв избор на средношколците само доколку во овој процес на социјален дијалог директно се вклучат самите општини, локалните компании и средните стручни училишта, бидејќи градоначалниците, менаџерите на компаниите и директорите на училиштата најдобро знаат каде треба да се интервенира за да се обезбедат струки барани на пазарот на трудот и кој е најдобриот начин тоа да се реализира. Колку е поуспешна оваа соработка и навреме се утврдат реалните потреби, толку побрзо ќе ја постигнеме посакуваната заедничка цел – да обезбедиме стручен кадар што недостига, но и да ја зголемиме можноста за побрзо вработување на младите веднаш по завршувањето на школувањето и нивно останување во местата каде што живеат и да придонесат за економски раст и развој на општините и на државата, рече министерот Шаќири.

МОН втора година иницира дијалог на локално ниво, во соработка со Швајцарската амбасада и Проектот E4E@мк – „Образование за вработување“. Шаќири ги повика градоначалниците да се вклучат во дијалогот како можност за креирање уписна политика соодветна на потребите на општините и укажа дека постигнатите резултати од минатогодишниот дијалог потврдуваат дека младите се повеќе ги согледуваат придобивките од стручното образование и одлучуваат да го учат, затоа што им нуди повеќе можности –  вработување веднаш по школувањето, но и подобар старт за запишување на некои од техничките факултети.

Како што соопшти МОН, обраќајќи се до бизнис-секторот, министерот рече дека целта е што поголем број компании да се вклучат во дуалното образование, како докажан модел кој обезбедува стручен кадар подготвен директно да се вклучи во работа во средините каде ја изведувале практичната настава.

Бројот на дуални паралелки во учебната 2021/2022 година  од 11 се зголеми на 97 и во нив се запишани 1400 ученици. Во средно техничко образование годинава се запишани за 6 проценти повеќе ученици во однос на минатата учебна година.

–  Во заложбите за унапредување на средното стручно образование, МОН ги привлекува учениците  со подобрување на наставните програми, но и со менување на политиките за стипендирање. Оваа учебна година учениците запишани во дуалните паралелки во средните училишта во државата добиваат месечна стипендија во висина од 3.500 денари, што е уште еден поттик повеќе за постигнување подобри резултати, но и финансиско олеснување во процесот на школувањето, наведува  Министерство за образование и наука. /MИА/.

Next Post

Обвинителката Стефанова побара поблаги казни за Јанакиески, Јанкулоска и Протуѓер за „Титаник“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk