Во денешното издание на „Утрински брифинг“ со Сашо Орданоски, меѓу денешните гости во брифингот учествуваше и Џабир Дерала од ЦИВИЛ, по повод денешниот онлајн настан на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал: Сè е поврзано“, кој е дел од серијата онлајн настани под заеднички назив „Во фокусот“.
На денешниот настан, „во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти на контролата на оружјето во земјата и во регионот. Фокусот ќе биде „изострен“ и на врската меѓу распространувањето на нелегалното оружје и организираниот криминал.