Во ЦИВИЛ се одржа онлајн настан на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал“. Модератори на настанот беа Џабир Дерала и Дехран Муратов од ЦИВИЛ.
Фокусот на настанот беше „изострен“ и на врската меѓу распространувањето на нелегалното оружје и организираниот криминал.
Нелегалното оружје и муниција претставуваат закана за безбедноста и сигурноста на граѓанките и граѓаните на било која земја. Како такво, нелегалното ширење на оружјето е закана за мирот, просперитетот и стабилноста државите.