ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ платите на работниците веќе ќе беа зголемени

February 16, 2022 19:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во последниот период, последната недела две е чисто лицемерие и фаќање приклучок кон процесите коишто ссе одвуваат во државата. Ако вратиме назад можеме да забележиме дека ВМРО-ДПМНЕ беше и против зголемување на минималната плата со образложение дека тоа ќе значело отпуштање на вработени или останување на луѓето на улица без работа. Кога видоа дека и со зголемена плата бројот на невработени се намалува во нашата држава, веќе фаќаат приклучок и тие во последниот период ја поддржуваат минималната плата, наводно ја поддржуваат, изјави за медиуми Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„Во врска со платите на наставниците и стручните соработници во основно и во средно образование тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ уштее еднаш потенцирам дека е чисто лицемерие, чиста дволичност. Една година блокираат Закон во Собрание со кој платите на наставниците и во основно и во средно образование ќе бидат усогласени со порастот на минималната плата.

Десет месеци тоа што го прават, десет месеци што ја блокираат работата на Комисијата за образование ќе значеше повисока плата и во овој период за наставниците, со порастот сега на минималната плата таа дополнително ќе се зголемува. Сега ВМРО-ДПМНЕ за да фати некаков наводен приклучок пушта нивни предлог Закон со мала измена, мислам дека таа измена или се надевам дека е таа измена заради измена да направат некаква разлика а ако не е така тогаш уште еднаш покажуваат дека тие не излегле од онаа стара матрица да ги држат вработените во образование, наставниците и во основно и во средно образование под притисок на партијата, односно како што ги и користеле и во минатото за партиски протести, контра протести да ги користат и денес.

Инаку Законот предвидува наставниците којшто засноваат и прв пат работен однос во училиштата тоа да може да го направат на неопределено време.

Третата работа којашто сакам да ја споменам тоа е наводната нивна грижа за зголемување на пензиите, кога во јавноста се отвара темата пензии. Кога Владата економскиот сектор во Владата економските министри работат со Фондот за пензиско осигурување, работат со сите засегнати страни, кога се отвара и кога се е јасно и кога се знае дека пензиите ќе растат тие денес покажуваат некаква наводна грижа и пуштаат предлог за покачување на пензиите.

Очекувам дека тоа ќе го прават и во следниот период со други законски решенија, но уште еднаш ќе го покажат новното лиицемерие и нивната дволичност.

Одговор на новинарско прашање: Вчера имаше изјави и од Владата во процес на разговори се, прессметките се прават пензиите ќе бидат зголемени, во најскоро време ќе излеземе со точните прессметки ќе кажеме колкаво ќе биде тоа зголемување.

Кога веќе се споменуваат и цените и порастот на цените, посебно на енергенсите тоа што не зависи од нас како држава и во делот на електричната енергија меѓутоа и во делот на горивата, го следиме и растот на потрошувачката кошница.

Ако земе да вратиме назад на пример во претходниот период или во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ за покривање на потрошувачка кошница или ссиндикална кошница на едно четиричлено просечно македонско домаќинство беа потребни четири ипол минимални плати, денес веќе доаѓаме дека со две минимални плати се покрива синдикалната кошнива. Во таа намера и во таа насока ќе продолжи покачувањето на пензиите затоа што сите треба да бидеме солидарни, да излеземе во пререт на граѓаните да ја пребродат оваа економски наметната криза од надвор“, истакна Митрески.

Next Post

САД и НАТО сметаат дека Русија го зголемува бројот на војници во близина на Украина, а не се повлекува

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk