Бугарски националистички европратеник упати нацистички поздрав во пленарната сала на Европскиот парламент во Стразбур во средата, откако зборуваше на дебатата за владеењето на правото во Полска и Унгарија, пишува Дојче Веле – DW.
Parce qu’il a défendu l’état de droit en ??, @sandrogozi s’est fait insulter par l’eurodéputé @djambazki, qui a quitté l’hémicycle en faisant un scandaleux salut nazi.
Tu as tout notre soutien Sandro.
Nous demandons à Mme Metsola, @EP_President, d’agir. pic.twitter.com/rIXrbB5wO1
— Renaissance (@Renaissance_UE) February 16, 2022
„Ангел Џамбазки од бугарската националистичка партија ВМРО се гледа како ја пружи десната рака пред него на видеото од дебатата. ВМРО е во евроскептичната група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) во Европскиот парламент“.
Тој излезе со одбрана дека тоа било само невино мавтање во знак на поздрав, но познавајќи го Џамбаски како политичар на крајната десница не е исклучено неговиот поздрав да е дел од неговите идеолошко-политички „навики“.
М. А.