ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Киев: Бројот на руски војници достигна околу 149.000, Украина е подготвена за одбрана

February 18, 2022 14:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Агенција Анадолија

Фото: Агенција Анадолија

Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на руските војници распоредени во близина на границата со Украина достигна 149.000 лица, изјави украинскиот министер за одбрана, Олексиј Резников.

– Ги набљудуваме единиците на руските трупи, кои бројат 129.000 лица. Заедно со поморските и воздушните компоненти, оваа бројка достигнува до 149.000 луѓе, појасни Резников во Парламентот.

Министерот уверуваше дека Украина „нема намера да го нападне сепаратистичкиот исток или Крим“.

– Уште еднаш нагласувам, Украина ја зајакнува својата одбрана, но, немаме намера да тргнеме во офанзива против Донбас или Крим. Ќе дејствуваме политички и дипломатски, бидејќи нашите граѓани се таму и нема да ги загрозиме, истакна Резников.

Тој додаде дека украинската армија е подготвена за каква било одбранбена акција.

Украина, според него, вчера регистрирала „невообичаен“ број гранатирања на своите позиции во Донбас.

– Вчера беа регистрирани необичен број настани, кои значително се разликуваат од она што се случува од почетокот на годината. А, наша задача е да ја скротиме оваа аномалија, со цел да не стане повод за ескалација, нагласи Резников.

Според него, од 1 јануари до 16 февруари, 107 украински воени позиции биле гранатирани од Донбас на линијата за контакт во регионите Доњецк и Луганск, или два до пет прекршувања на примирјето дневно. Само во четвртокот имало 60 гранатирања, од кои 43 „од забрането оружје, речиси по целата линија на контакт“.

Како што појасни министерот, оганот бил насочен кон околу 30 населени места, повеќе од десет куќи се оштетени, а неколку лица повредени.

Резников информираше и дека Украина веќе добила над 2.000 тони оружје од странски партнери.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков изјави дека Кремљ ја следи ситуацијата во Донбас и ја смета за „многу, многу опасна“ поради провокациите од Украина.

Од 27 јули 2020 година, во Донбас се во сила дополнителни мерки за контрола на прекинот на огнот, кои ги договорија учесниците во контакт групата за решавање на ситуацијата во источна Украина. Дополнителните мерки вклучуваат забрана за офанзива и извидување и саботажа, употреба на авиони, забрана за пукање, како и распоредување тешко оружје во населени места./МИА/.

Next Post

Под мотото „Пријателство преку спорт” одбележан 18- ти февруари, Денот на меѓународните воени спортови

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk