На седницата на Комисијата за образование наука и спорт кулминираше деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ. Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат ниту да почне расправата за овие измени, а не пак тие да бидат донесени, пишува во соопштението на СДСМ.
Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПНМЕ. Со овие измени над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4.700 од нив ќе добијат трајно вработување. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го блокира цела година, го блокираше и денеска со попречување на работата, со викање и закани, деградирајќи го Собранието, пишува во соопштението.
Ете колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за наставниците, денеска на виделина уште еднаш излезе нивното лицемерие, нивната насилничка матрица и деструктивно дејствување. Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против наставниците во основното и средното образование, па не бира средства да го спречи покачувањето на нивните плати?, пишува во партиското соопштение.
На ВМРО-ДПМНЕ не им се важни ниту граѓаните, ниту им е важно образованието, важни им се само личните и партиски интереси, велат од СДСМ.