ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: ПЦР тестирањето не е прикриена програма за вакцинација

February 18, 2022 19:08
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се врши присилна вакцинација. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Фејсбук објава тврди дека универзитетот „Џон Хопкинс“ развил технологија со која луѓето се вакцинираат со помош на ПЦР тестови. Ова не е точно. Станува збор за погрешно толкување на една нивна студија за „терагрипери“. Вистината е дека оваа технологија не е одобрена за употреба кај луѓе, ниту е тестирана или користена за испорака на вакцини.

Во објавата се тврди дека процесот на тестирање за присуство на коронавирусот со ПЦР тестови е „прикриена“ програма за вакцинација на Светската здравствена организација. Според ова манипулативно тврдење:

Новата технологија развиена на Универзитетот Џон Хопкинс која треба да овозможи прикриена вакцинација со PCR тест.

Станува збор за студија за животни (а не за луѓе) изработена од истражувачите на „Џонс Хопкинс“ и објавена во списанието Science Advances во октомври 2020 година. Студијата тестирала уреди наречени „терагрипери“, кои се мали како дамка прашина и можат да доставуваат лекови до гастроинтестиналниот тракт, со цел подобрување на ефикасноста на лековите со продолжено ослободување.

Овие мали уреди, познати како „терагрипери“ (theragrippers), се направени од метал и тенка покривка што ја менува формата. Тие се покриени со керозински восок чувствителен на топлина и секое од нив не е поголемо од честичка прашина.

Но, тврдењето дека со оваа техника ќе се врши скриена вакцинација е извртување на фактите и неточно толкување на студијата.

ПЦР тестирањето за откривање на присуство на коронавирусот, всушност е земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди, и е безбедно како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега. Потоа овој примерок под посебни услови се праќа на испитување во лабораторија. За разлика од нив „терагриперите“, од студијата на „Џон Хопкинс“ биле спроведени преку ректумот.

Од „Џон Хопкинс“ за „Њуз Гард“ во април 2021 година изјавиле дека тврдењата дека со оваа технологија ќе се врши вакцинација не се точни.

 Оваа нанотехнологија покажа ветување во лабораториски услови. Сепак, таа сè уште е на почеток на развивање и не е одобрена за употреба кај луѓето. Терагриперите не се ниту тестирани, ниту користени за испорака на вакцини.

Слична изјава портпаролот на „Џон Хопкис“ дал и во јуни 2021 година кога истакнал дека нивната студија во текот на изминатите неколку месеци е „неточно користена за дезинформации“ .

Малите уреди познати како „терагрипери“ се распоредуваат во цревата преку ендоскоп. Кога овие уреди со големина на прашина ќе достигнат одредена температура, тие се закачуваат на ткивото и го ослободуваат лекот што е закачен на нив. Оваа нанотехнологија не е одобрена за употреба кај луѓето.

Вистината е дека тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се врши присилна вакцинација. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.

Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе.

Вакви објави кои предизвикуваат сомнеж во тестовите коишто го детектираат коронавирост, можат да предизвикаат многу штетни последици доколку некој поверува во нив, па одбива да се тестира дури и доколку има симптоми или бил во контакт со заболен. А доколку некој е позитивен, а не се тестира и нема потврда дека е заболен, може да го шири вирусот насекаде, да зарази многу луѓе, но и да не добие соодветна медицинска помош, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post

Османи од Минхен: Евроатлантската определба е извор и гарант на општата безбедност и сигурност

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk