Премиерот Димитар Ковачевски денеска на Минхенската безбедносна конференција остварил средба со претставничката на Мичиген во конгресот на САД, Елиса Слоткин, при што изразил благодарност за нејзината исклучителна активност и заложба за нашето членство во НАТО.
-Претставничката на Мичиген во конгресот на САД, Елиса Слоткин е наш голем пријател. Минатата година таа со задоволство прифати да се приклучи на конгресната група за пријателство со Северна Македонија, напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук профил.
Тој напомена дека конгресменката Слоткин останува да биде една од водечките гласови за национална безбедност во САД со богато искуство за Европа, нашиот регион и пошироко.







