ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мрачна слика на беспомошноста

February 19, 2022 13:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Сите чекаат сиво димче од оџакот на Баеришер Хоф хотелот во Минхен каде утре треба да заврши најновото издание на традиционалната Конференција за меѓународната безбедносна политика. Чурче надеж за глобалната безбедносна ситуација, која во извештајот на претседавачот Ишингер е оценета како мрачна и, посебно, за кризата околу Украина во врска со која се врзува надежта дека во главниот град на Баварија ќе бидат формулирани макар неколку импулси кои ќе резултираат со дипломатско ублажување на кризата.

Оптимистите се надеваат дека заострувањето на истокот, во областите Луганск и Доњецк, односно реалното и уште повеќе форсираното и манипулативно заострување, се врши како форма на засилување на позициите во дипломатското решавање, вклучувајќи ја тука и Минхенската конференција, а песимистите велат дека времето за дипломатско решение е поминато.

Се разбира, во актуелната безбедносна (не)култура, во која трагично се разминува арсеналот на современите ресурси со примитивната примарност на територијалниот принцип и воената сила, никој не ја негира материјалната геополитичка основа на кризата, сосе одговорностите на Запад, но ретко кој може да разбере како најголемата и воено една од најмоќните сили на светот бара, а не дава, безбедносни гаранции, а директно загрозениот, кој го моли светот да го спаси од руската инвазија, напаѓа и ја провоцира таа инвазија.

Тоа исто така говори за разминувањето на политичката култура на моќните луѓе со можностите интересите на своите земји да ги детериторијализираат. Дури и да ги деетницизираат.

Путин нема да биде во Минхен, макар што бил поканет, но затоа се очекува Лавров, Бајден ќе ја прати Камила Харис, тука ќе биде Шолц, нормално и многу други државници.
Во секој случај, самит на високо ниво.

Не само поединци туку цели општества можат да бидат совладани од чувството на беспомошност. Од верувањето дека немаат одговор на проблемите со кои се соочуваат. Тоа чувство го потхрануваат кризите кои избиваат во неподнослив ритам. Нивниот бран е толку голем што се заканува дека ќе не совлада. Кризата околу Украина значително придонесува кон тоа чувство, а нејзиното евентуално воено решение ќе биде многу лошо не само за непосредно инволвираните туку и за целиот свет, зашто страшните последици ќе се прелеат далеку од местото на судирот.

Сите сме инволвирани.

Се поздравува фактот дека Европа повторно има глас во интензивниот дипломатски дискурс откако се чинеше дека ќе биде сведена на улогата на посматрач и дека други ќе одлучуваат и ќе го решаваат проблемот.

Стручњакот за безбедност при Европскиот совет за меѓународни односи, Клрик Франке, го чита извештајот како итен апел до Запад да стори повеќе во пронаоѓањето на решение за проблемите со кои се соочува светот. А тој свет е далеку од тоа да е единствен: според големото истражување спроведено за потребите на извештајот за Минхенската конференција, мнозинството Германци како главна закана ги сметаат климатските промени, за Американците тоа се сајбер нападите, за Кинезите тоа се Американците, а Русите најмногу ги секира растечката нееднаквост. Индијците пак најмногу се плашат од нуклеарен напад.
Украина ќе биде само една од темите. Тука се и безбедносните аспекти на напуштањето на Авганистан, влошувањето на ситуацијата во Мали, дестабилизацијата на Африканскиот рог и Персискиот залив, пореметените синџири на снабдување и растечката нееднаквост. Експанзијата на Кина.

Мрачна слика на глобалната ситуација.

Не знам дали се споменуваат социјалните мрежи како многу важен, да не речам, клучен фактор на градењето и ширењето на чувството на беспомошност.

Второ, дали ќе се разговара за новите форми на безбедносната култура со оглед на тоа дека денешните се анахрони, примитивни и опасни. Политичкото лидерство на светот е прегазено од времето, и нормално дека во таква ситуација демонстрира немоќ. Опасна немоќ. Демонстрира безидејност односно закопано е во концепциите стари многу векови.

Ги гледаме како со двогледи посматраат како некој тенк ја погодува кацата со кисела зелка на некој полигон, низ полето се шири смрдеа, но за нив смрдеата е добар знак.

И, конечно, не знам дали некој ќе го покрене прашањето на Македонија од аспект на вмро-дпмне, на една злосторничка инсталација која тука, на микро ниво, произведува и шири чувство на беспомошност, не прави ништо друго освен што фабрикува беспомошност и катастрофа, во секој момент, со сите средства, колку и да се тие глупави.

Дури ги бира средствата според  гигабајтите на глупоста. Петнаесет години, како власт и како опозиција. Тие се однесуваат како руски кртови во Украина. И што да правиме со народот кој мисли дека ако пропадне скроз на скроз, како грутка снег на вклучена рингла, конечно ќе успее да ј смени власта која успеа да му покаже поинакви перспективи, сепак.

Хахаха!

Ама не е за хахаха!

Next Post

Во МНР формирана работна група која ќе ги проверува сите именувања на амбасадори од 2006 година

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk