ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Епидемиошката слика се подобрува, за олабавување на мерките ќе се чекаат резултати од серолошкиот скрининг

February 20, 2022 09:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здравствените власти во земјава оценуваат дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. Но, за евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг на населението за имунитет на КОВИД-19.

-Се намалува пикот на четвртиот бран, епидемиолошката состојба благо се подобрува, оцени вчера министерот за здравство Беким Сали.

Тој додаде дека серолошкиот скрининг ќе овозможи да се добие јасна слика за општата состојба на населението, а од тоа ќе зависи и носењето нови препораки и мерки.

-Епидемиолошката состојба во цела држава благо се намалува, односно се намалува пикот од четвртиот бран. Нивото на вакцинација и целосна имунизација кај нас е пониска од државите членки на ЕУ. Ние посакуваме позитивни резултати од оваа анализа за да потоа ги намалиме мерките односно да бидеме послободни за функционирање. Ако добиеме позитивни резултати според кои ќе има над 70 отсто од вкупната имунизација во државата, тогаш ќе почнеме со олабавување и олеснување на мерките, истакна министерот.

Според планот на Министерството за здравство, предвидено е да се направат околу 3.000 анализи, од кои 1.000 во Скопје каде е во тек собирањето на материјалот, а останатиот серолошки скирининг ќе се реализира во други градови.

-Задоволни сме од одзивот на граѓаните, има претставници од сите возрасни групи и тоа ќе овозможи да добиеме јасна слика за општата состојба на населението. Од резултатите што ќе ги добиеме со серолошката анализа ќе пристапиме кон нови препораки и мерки за функционирање на институциите, истакна Сали.

Во земјава се спроведува и скрининг анализа за откривање на евентуално позитивни деца од школска возраст.

-Позитивно сме изненадени и од реакцијата на родителите кои само во текот на вчерашниот ден дадоа над 4.000 одобренија за да се направат скрининг анализи кај нивните деца од школска возраст. Тоа го направивме зашто во Комисијата за заразни болести забележавме благо покачување на ново инфицирани лица на возраст од 6 до 14 години и затоа пристапуваме превентивно. Во овој момент резултатите се позитивни и од направени 200 анализи завршени во текот на вчерашниот ден, регистриравме само еден позитивен резултат. Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш ќе нема потреба од продолжување на тие анализи кај учениците, нагласи Сали.

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 838 нови случаи на КОВИД-19 од направени 4078 тестови.

Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции. Регистрирани се и 1140 оздравени и 20 починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје. Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети.

извор: МИА
Next Post

Османи од Минхен: Западниот Балкан не е дупка, туку срце на Европа

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk