ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Северна Македонија е потврден партнер во транс-атлантското и европското сојузништво

February 20, 2022 15:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски со видео порака го сублимираше и оцени учеството на владината делегација на годинашната Минхенска безбедносна конференција која оваа година по 58 пат собра над 30-тина шефови на држави и влади и највисоки членови на влади и претставници на најугледните меѓународни организации.

Како што истакнува Ковачевски во пораката, земјава уште еднаш доби едногласна и моќна поддршка од сите сојузници и затоа останува силно посветена на евроинтеграциите, а нашиот европски пат е трасиран и јасен.

Според него, новиот пристап и енергија во разговорите со Софија е препознаен како правилен и по него треба да продолжиме за конечно да ги надминеме разликите.

-На Минхенската безбедносна конференција годинава, Северна Македонија учествуваше како рамноправна членка на НАТО. Во исклучително турбулентни времиња, средбите кои ги имавме со нашите стратешки партнери беа фокусирани на предизвиците кои претстојат на полето на европската и светската безбедност. Минхенската конференција пред сѐ, јасно ја демонстрираше целосната и силна обединетост на сите НАТО и ЕУ сојузници и партнери, и го прецизираше фокусот кон заедничко надминување на сите предизвиците поставени пред Европа, САД и светот. На средбите со највисоките претставници на НАТО, ЕУ, Соединетите Американски Држави и со сите останати, ја потврдивме нашата определба за зачувување на безбедноста и стабилноста, како на регионот, така и во светски рамки, вели премиерот во видео пораката.

Тој дополнува и дека интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија значи почеток на нова ера на економски напредок, стабилност и развој за нашите граѓани. Од овој пат, порачува премиерот, не смееме да се откажеме.

-На средбите уште еднаш ја потврдив нашата позиција дека Берлинскиот процес останува приоритет, а на иницијативите како што е „Отворен Балкан“ гледаме како на нов инспиративен поттик за регионалната соработка. Горди сме на остварувањето нашата стратешка цел, целосна интеграција во НАТО и остануваме посветени на реформите и дијалогот кој ќе ни обезбеди европска иднина, подвлекува Ковачевски.

извор: МИА
Next Post

Муцунски троши 38.000 евра за компјутери а се жали дека општината нема пари

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk