Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека никој нема да ги спречи него и македонскиот премиер Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.
За многумина, според бугарскиот премиер Кирил Петков, овие зборови звучат како сон, други организираат секакви провокации за тоа да не се случи, а трети едноставно не сакаат стабилност на Балканот.
– Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме упорно и заедно да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им порачам „нема да не спречите!“, објави Петков
На 19 февруари беше објавена фотографија на која се гледаат македонскиот премиер Димитар Ковачевски, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и бугарскиот премиер Кирил Петков. Фотографијата ја отсликува и јасната поддршка на високиот американски функционер за македонско-бугарскиот дијалог и поттикнувањето на решение на спорот. На 20 февруари, таа иста фотографија беше кропирана на тој начин што македонскиот премиер е изоставен од фотографијата.
М. А.