Многу ми се провидни, дури и смешни нашиве бранители на руската кауза, споредувајќи ја ситуацијата во Украина со онаа на Косово, пишува активистот Павле Богоевски.
Тој нагласува дека најголемата од многуте разлики е што на Косово имаше долгогодишно етничко чистење, а во Украина само криза која ја креираше самиот Путин, за да може сега да изврши инвазија глумејќи миротворец и заштитник. По ова, нема потреба воопшто да се говори за другите разлики, вели Богоевски.
– А на нашиве патриоти со вергина на лицето и мечка во срцето, многу брзо ќе им биде испорачана сметката од Мајка Русија, потенцира Богоевски во објавата.
Ј. Ѓ.