ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Епидемиолошката состојба полека се подобрува, продолжува серолошкиот скрининг на граѓани и скринингот во училиштата

February 22, 2022 08:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на активни случаи на Ковид 19 во земјава продолжува да опаѓа. Вчера се регистрирани 6.318 активни случаи, наспроти 7.595 во претходното деноноќие.

Според последниот ковид-билтен на Министерството за здравство, од вкупно 234 нови позитивни случаи на Ковид-19 од направени 1.318 тестови во изминатото деноноќие, регистрирана е 31 реинфекција, има 12 починати лица и 1.491 оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени пет починати лица во период од 14 до 18 февруари 2022. Кај сите 17 починати лица се регистрирани коморбидитети.

Серолошкиот скрининг на граѓани, кој се прави по случаен избори за испитување антитела е се уште во тек. Заклучно со вчерашниот ден, се собрани 800 примероци од жители на Скопје и 200 примероци од жители на Битола. До крајот на неделава се очекуваат првични податоци за серопреваленца во Скопје, а од следната недела и за другите градови од државата, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Здравствените власти, викендот излегоа со оценка дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. За евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг.

 

Во врска со скринингот на учениците за Ковид-19, од Министерството посочуваат дека тој вчера се спроведувал во основните училишта во Бутел, Кисела Вода и Чаир, а согласно планот, ќе продолжи и денеска. По обработка на податоците, јавноста навремено ќе биде информирана за наодите, како и за останатите аспекти од текот на скринингот, потенцираат од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.871.411 тестирања на КОВИД-19, вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 293.559, бројот на оздравени пациенти е 278.326, а на починати е 8.915.

Во меѓувреме, Словенија од вчера ги укина речиси сите антиковид мерки, освен носењето маски во затворени простории. Доказ за прележан ковид, вакцинација или негативен тест ќе се бара само во здравствени установи, старечки домови и затвори.

Според владината одлука од сабота, нема повеќе ограничувања за бројот на луѓе во трговските центри, угостителските објекти и какви било настани. Укинати се и ограничувањата на работното време во угостителските објекти, а ноќните клубови може повторно да се отворат. Се препорачува носење маски на отворено кога растојанието од 1,5 метри не може да се исполни. Ковид пропусници и негативниот тест остануваат задолжителни за персоналот во здравствените и здравствените установи, затворите и воспитно-поправните установи за малолетници помлади од 15 години. Учениците и студентите нема да мора да се тестираат во образовните институции, но маските се уште се задолжителни.

Бугарија објави дека влегува во втора и трета фаза од пандемијата, а се очекува земјата за краток период да стигне до првата фаза, што значи дека наскоро цела држава ќе биде во зелената зона. Како што изјави премиерот Кирил Петков, до 20 март ќе може да се укинат сите ограничувања во земјава, а зелениот сертификат ќе остане единствениот актуелен документ што ќе важи во европската регулатива за патување. Од 24 февруари, првиот чекор е секој објект во Бугарија да дозволи влез за лица без зелен сертификат, но за вработените ќе остане условот за зелен сертификат. Во образовните центри и училиштата ќе биде дозволено да учат до 12 деца.

Стабилизирањето на епидемиолошката слика и намалувањето на притисокот врз здравствениот систем на Кипар, носат и олабавување на мерките во оваа островска земја, меѓу кои и укинување на забраната за влез на невакцинирани во одредени простори. Олабавувањето на мерките стапи во сила од вчера, а веќе е дозволено влез во угостителските објекти, ноќните клубови, кината, театрите, на стадионите, на свадбите и крштенките и за невакцинирани лица , но со задолжителен рапид тест.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера потврди дека во следните неколку дена во Англија ќе бидат укинати сите мерки поврзани со пандемијата на Ковид-19.

-Сите заразени граѓани од четврток веќе нема да имаат законска обврска да се самоизолираат, иако, сепак, ќе им се советува да останат дома, изјави Џонсон и додаде дека бесплатната услуга за тестирање на коронавирус ќе престане да биде достапна од 1 април. /MИА/.

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими: Ескалацијата меѓу Русија и Украина може да има последици врз цените на енергијата

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk