ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Путин, таа грда историска реприза

Човекот кој го изгуби контактот со реалноста, изврши инвазија врз Украина. И врз светскиот мир.

February 22, 2022 20:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Руски тенкови (фото извор: Министерство обороны Российской Федерации)

Руски тенкови (фото извор: Министерство обороны Российской Федерации)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Тоа што со недели наназад го тврдеа американскиот претседател, разузнавањето и експертите се покажа точно. Путин цело време се подготвуваше за воена агресија и никогаш немаше намера да дозволи да се дојде до дипломатско решение. Сценариото беше познато и објавено во детали, колку и да не сакаше тоа светот, посебно Европа, да верува во тоа.

Сцена по сцена, акт по акт, се напуштаа сите надежи дека Путин можеби и ќе се вразуми и ќе остане да плови низ дипломатските води, без оглед на тоа колку тоа го правеше несмасно и со фантастични барања. Голем дел од европските политичари, како да се надеваа дека, ако силно ги стисне очите, некако ќе помине злокобниот татнеж на војната. Без оглед на фактот што во Украина, среде осумгодишна (не)декларирана војна, веќе загинаа повеќе од 14,000 луѓе и секој ден гине понекој украински војник или цивил.

Сепак, американскиот претседател Бајден, знаеше барем малку повеќе од сите други. Така и би – Путин тргна во нова етапа од својот воен поход на Украина, започнат во 2014 година. Тоа навистина и можеше да се очекува од човекот кој сите овие години се обидува да го „продаде“ лажниот империјален сјај на Русија, а себеси се доживува како современ руски император.

За да го оправда својот чин, веројатно пред себеси, бидејќи и онака никој нормален во светот не му верува, тој одржа гневен и театрален говор во кој ја објави својата одлука да ги признае украинските области Доњецк и Луганск како „независни и суверени народни републики“. Веднаш потоа уследи и потпишување на декрети за признавање и поддршка на „народните републики“. Со тоа, падна и „непредвидливата“ одлука и за испраќање на руски „миротворни“ сили во териториите кои од 2014 година ги окупираат токму марионетите на Путин и паравојската што тој силно ја помага и вооружува.

Се разбира, Путин го „поткрепи“ признавањето со само нему својствен „државнички“ чин да ги заштити Русите од „геноцид“ во Украина. Колку пригодно, неговите кучиња на војната од „независните народни републики“ во Доњецк и Луганск побараа заштита и, ете, ја добија. Театар за мали деца. Само крвав.

Во мугрите (22.02.2022), руските тенкови навлегоа на украинска територија во областа Доњецк и го означија почетокот на инвазијата по која во светот веќе ништо нема да биде исто.

Во својот говор, кој ѝ претходеше на инвазијата, Путин изрече дури повеќе лаги отколку што е вообичаено за него. Можеби најдобриот опис на овој говор даде поранешниот шведски премиер Карл Билд кој напиша:

„Ако го споредам со говорот во март 2014, кога Русија го анектира Крим, ова беше далеку повеќе бурно, раштркано и неповрзано. И поопасно. Сега тој го доведува во прашање самото постоење на Украина како нација. Тоа е човек со огромна моќ кој го изгубил контактот со реалноста.“

За Путин фактите никогаш не се важни. Тој се чувствува доволно моќен да изгради сосема поинаква реалност, онака како што тој ја замислува во својата глава. За него, фактите се неспоредливо послаби аргументи отколку неговите тенкови, ракети и бомби. Манипулација или негирање на фактите и пумпање на мускулите – на тоа се темели неговата стратегија во долгогодишната пропагандна и хибридна војна против Западот.

Сега е веќе сосема јасно, човекот кој го изгуби контактот со реалноста, а кој никогаш немал контакт со фактите – нема да се откаже од својот сон за враќање на „империјалниот сјај“ на Русија. Тој сака да ја прекрои историјата онака како што тој самиот ја разбира во бесмислениот есеј „За историското единство на Русите и Украинците“ (јули, 2021). По цена на уништување на човештвото. Како што рече и на Меѓународниот форум за политики во Сочи (октомври, 2018):

„Агресорот треба да знае дека одмаздата е неизбежна, дека ќе биде уништен, а ние би биле жртви на агресијата. Ќе одиме во рајот како маченици, а тие само ќе паднат мртви. Нема да имаат време ни да се покајат за ова.“

Се разбира, во имагинарниот свет на Путин сите се агресори, само тој се брани. Сите ќе умрат, а тој ќе оди во рајот. Веќе видено низ историјата, сега ја гледаме грдата реприза. Ако продолжи како што тргнал, ова веројатно ќе биде последна реприза за човештвото.

#StandWithUkraine

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Вог: Kако е да се има тело?

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk