ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Украинското МНР ја осудува одлуката на Руската Федерација да ја признае „независноста“ на т.н. „ДНР“ и „ЛНР“

Оваа одлука нагло ја зголемува ескалацијата на ситуацијата и може да значи еднострано повлекување на Руската Федерација од договорите од Минск.

February 22, 2022 11:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украина ја осудува одлуката на Руската Федерација за признавање на „независноста“ на создадените од нејзина страна квази-ентитети на привремено окупираните територии на Украина – таканаречените „Луганска Народна Република“ и „Доњецка Народна Република“, пишува во изјавата на Министерството за надворешни работи на Украина.

„Со таквите дејствија, руската страна грубо ги прекрши основите на меѓународното право, Повелбата на ООН, ги наруши суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признати граници“.

Одлуката на Русија да ги признае таканаречените „Луганска Народна Република“ и „ Доњецка Народна Република “ нема да има никакви правни последици. Оваа одлука нагло ја зголемува ескалацијата на ситуацијата и може да значи еднострано повлекување на Руската Федерација од договорите од Минск.

Украинската страна ги разбира намерите на Русија и нејзината желба да ја испровоцира Украина. Ги земаме предвид сите ризици и не подлегнуваме на провокации, остануваме посветени на политичко – дипломатско решавање на руско-украинскиот вооружен конфликт“, пишува во изјавата на МНР на Украина.

Од Министерството за надворешни работи на Украина изјавија дека според насоките на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, украинската дипломатија во моментов го користи целиот свој дипломатски арсенал за да спречи избувнување на вооружен конфликт.

„Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба е во постојан контакт со своите колеги со цел координирање на дипломатските напори и преземање на мерки за одржување седници на меѓународни органи, самити, добивање одбранбена помош и примена на строги санкции против Русија.

Понатамошните одлуки и чекори на Руската Федерација во голема мера зависат од реакцијата на светот на денешните настани. Затоа, инсистираме на примена на строги санкции против Русија со цел да се испрати јасен сигнал за недозволивоста на натамошна ескалација. Дојде време за дејствување со цел да се стави крај на агресијата на Русија и да се обноват мирот и стабилноста во Европа“, пишува во изјавата.

 

Next Post

Радев: Гаранции од Северна Македонија за почитување на правата на Бугарите во државата, за поддршка на Скопје на патот кон ЕУ

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk