ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Тупанчески: Владеењето на правото и спроведувањето демократски принципи клучни на реформскиот пат

February 23, 2022 14:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Тупанчески денес оствари средба со амбасадорот на Франција Н.Е. Сирил Бомгартнер, на која разговараа за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, за напредокот во спроведувањето на реформската агенда, како и за приоритетите на Министерството за правда опфатени со новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027, информираат од Министерството за правда.

Министерот Тупанчески го честита претседавање на Франција со Советот на ЕУ нагласувајќи ја европската определба на Северна Македонија и очекувањата дека ќе се потврди посветеноста на Франција за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, што е голема важност за европските перспективи за земјите од регионот.

На средбата министерот ја потенцираше круцијалната улога на Министерството за правда во спроведувањето на реформите од поглавјето 23 во пристапните преговори со Европската Унија, укажувајќи дека неопходно е спроведувањето на демократските принципи и владеењето на правото на реформскиот пат и дека судските реформи од една страна мора да обезбедат независност и непристрасност на судството, но од друга страна и негова одговорност.

Тема на разговор беа и приоритетите на Министерството за правда во следниот период со фокус на законодавната агенда и новите законски решенија на кои се работи во моментот, потенцирајќи го годишниот Извештај на Европската комисија како водилка во овој процес, особено во спроведувањето на препораките во Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“.

Амбасадорот Бомгартнер ја поздрави нашата европска определба и посветеноста во реализацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 за поглавјето 23, како и зајакнувањето на независноста на судството и ја изрази својата отвореност за давање стручна поддршка и продлабочување на соработката.

Next Post

Во фокусот на тема „Информациски хаос: Трендови и перспективи“ со Ангеловски, Попоска и Зулбеари

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk