Рускиот новинар и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов изјави дека чувствува тага и срам поради руската инвазија на Украина во видео изјава во рускиот весник „Нова Газета“.
– Освен тага, јас и моите колеги се срамиме. Што е следно – нуклеарен напад? Владимир Путин си игра со нуклеарно копче како со клучеви од кола. Украина не е наш непријател и украинскиот јазик не е непријателски јазик и никогаш нема да биде, рече Муратов.
Следниот број на „Нова Газета“ ќе биде двојазичен, на руски и на украински, изјави Муратов.
Муратов е уредник на рускиот весник „Нова Газета“, а минатата година ја доби Нобеловата награда за мир за борба за слобода на изразување во Русија.
М. А.