ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Институциите посветени на Отворен Балкан, се отстрануваат бариерите за слободен проток меѓу граѓаните и компаниите од регионот

February 25, 2022 16:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата се одржа меѓуресорска координација на институциите вклучени во иницијативите и проектите кои произлегуваат од иницијативата Отворен Балкан, известуваат владините служби.

Националните координатори Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска и советникот на премиерот за надворешна политика Едмонд Адеми, како што се наведува, ги запозналe државните секретари и одговорните службеници од ресорните министерства и директорите на релевантните државни агенции со сите актуелни и планирани домашни и меѓународни процеси кои произлегуваат од трилатералната соработка меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а учесниците на средбата презентирале осврт на сработеното и на остварените резултати до сега.

„Евидентен е напредокот во спроведувањето на договорот во областа на царинските олеснувања за граѓаните и фирмите во земјоделството, ветеринарството и безбедноста на храната, а во месеците пред нас следува и унапредување и олеснување на меѓуграничниот проток за граѓаните, возилата и камионите, а очекувани се конкретни резултати кои водат кон даночни усогласувања и олеснувања меѓу трите држави, како и на намалување или отстранување на таксите и трошоците при меѓународниот проток на услуги, луѓе, добра или информации“, се истакнува во соопштението.

Како што нагласуваат, на работната средба започнале и меѓуресорските соработки во областите туризам, култура и млади меѓу институциите од македонска страна, со цел Северна Македонија да даде сериозен и суштински придонес кон Отворен Балкан во делот на воспоставување контакти, познанствата, размени и заеднички иницијативи меѓу граѓаните и особено меѓу младите од регионот, преку организација на настани, туристички понуди, спортски турнири, културни случувања, научно-истражувачки хабови итн.

Денешната работна средба беше искористена и за меѓусебна координација на институциите во очи следниот лидерски самит на Отворен Балкан кој пролетва ќе се одржи во Северна Македонија, се вели во соопштението од Владата.

 

Next Post
Дмитро Кулеба, Министер за надворешни работи на Украина

Кулеба до европските лидери: На комеморациите велите „НИКОГАШ ПОВЕЌЕ“, сега е време да го докажете тоа

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk