Стручните лица, градежниците и архитектите едногласно сметаат дека проектот за реконструкција на Универзална сала е добар и дека градоначалничката Данела Арсовска креира скандал.
Арсовска со нејзиниот однос на надменост се искара со архитектите од Асоцијата на архитекти, но и со архитектот кој го подари планот за реконструкција на салата, Бујар Муча. Таа ги обвини архитектите дека политизираат и дека не биле направени анализи.
„Кога некој ќе каже дека нешто е небезбедно треба да дадете аргументи. Како архитекти се соочуваме со измени во градба. Постојат процедури со ревизии, одговорни лица, каде тие процедури се потврдуваат. Ве замолуваме да излезете со информации дека објектот е небезбеден и да кажаете која институција потпишала и кој го кажал тоа“ рече претседателката на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска.
Дека објектот е безбедн потврди и архитектот Муча кој рече дека воопшто не е точно дека објектот ќе им падне на скопјани врз глава.
„Вие рековте дека ќе падне објектот. Не знаете каква штета направивте. Јас хранам деца, други лица хранат деца од оваа фирма“ рече Муча и додаде дека тој смета дека проектот е добар со две позитивни ревизии и два позитивни извештаи од ИЗИС, како и позитивен извештај од професор на Градежен факултет.