ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Одлуката на ЕК за банкарската регулатива и супервизијата на НБ, позитивно ќе влијае врз странските инвеститори

February 26, 2022 10:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Позитивна перцепција за домашниот банкарски систем од страна на странските инвеститори, негова поголема интеграција во европскиот финансиски систем и подобри можности за финансирање на нашите институции на странските и домашните пазари на капитал. Ова се придобивките за нашиот финансиски систем и економијата, од одлуката на Европската комисија, со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на ЕУ, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во емисијата „Агенда 35“.

– Одлуката на ЕК може позитивно да влијае врз потенцијалните инвеститори бидејќи зборува за кредибилитетот на институцијата и на самиот систем, за да инвестираат, како во финансискиот сектор, така и погенерално во нашата економија. Знаеме дека за мали економии, странските директни инвестиции се клучниот фактор за одржлив раст. Понатаму, ова би можело да значи дека пондерот на ризичност, којшто европските банки го применуваа за изложеност кон наши институции може да биде значајно понизок, односно тие практично можат да применат пондер нула. Тоа создава можност за  поголема интеграција на нашиот банкарски систем во европскиот финансиски систем, но и можност за финансирање на нашите институции, како на домашниот пазар, така и на меѓународните пазари по поповолни услови, рече Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката, како што соопшти Народна банка, посочи и дека оваа одлука на ЕК ги отвара вратите и создава поголем простор за натамошно зајакнување на соработката на Народната банка со европските институции, а има и предности во спроведување на монетарната политика.

– Инаку, со Одлуката на ЕК, Северна Македонија се вклучува на листата од само 26 земји во светот, меѓу кои САД, Канада, Јапонија и Нов Зеланд, чија банкарска регулатива и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалента на онаа којашто се спроведува во ЕУ, се вели во соопштението. /MИА/.

Next Post

Ковачевски: Сите институции максимално одговорно да ги трошат средствата и ефикасно да работат со цел амортизирање на негативни последици

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk