ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Атина упати демарш до руската амбасада во Грција за загинатите грчки иселеници во Украина

February 27, 2022 14:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар во Министерството за надворешни работи на Грција Темистоклис Демирис, по добиените упатства од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, упатил протесна нота до рускиот амбасадор во Атина Андреј Маслов за „воздушните напади во селата Сартана и Буга“, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Демаршот доаѓа откако во текот на вчерашниот ден вкупно десет грчки иселеници ги загубија животите во две украински села, а според грчките власти, загинале при бомбардирањето од руски авиони.

Дополнително, генералниот секретар упатил и вербална нота, во која, меѓу другото, истакнал дека „Министерството за надворешни работи изразува згрозеност од неиспровоцираните воени напади и ја повикува Русија да го почитува меѓународното хуманитарно право и да престане со нападите врз цивилното население“.

Од грчкото МНР, вчера преку три соопштенија информираа дека загинаа вкупно десет грчки иселеници.

По првото соопштение за загинати две лица „при бомбардирањето од руски авион на цивили во селото Сартана во Украина“, следеше и реакција од амбасадата на Русија во Атина.

Изразија „длабока тага поради смртта и повредата на грчките иселеници во областа Донбас“, но и соопштија дека од нивна страна, уверуваат дека „целите на руската специјална воена операција се исклучиво воени единици и инфраструктури“ и додадоа дека не бомбардираат населени области и села, ниту каква било политичка или социјална инфраструктура.

-Во исто време, посочуваме дека украинската армија и неонацистичките националистички баталјони веќе многу години се познати по нападите врз цивилите, дури и со тешко оружје. Ова е докажано и официјално евидентирано. Предупредуваме дека режимот во Киев веројатно е да ја искористи грчката, но и другите етнички заедници кои живеат во Украина, токму за да ја испровоцира и разгори антируската реакција од странство, соопштија од руската амбасада во Грција.

За смртта на грчките иселеници, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис синоќа на „Твитер“ напиша дека „десет невини цивили со грчко потекло беа убиени од руски воздушни напади во близина на Мариупол“.

-Запрете го бомбардирањето сега!, порача Мицотакис.

Исто така преку „Твитер“ реагираше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој на грчки јазик напиша дека не е само украинскиот народ што жали „поради војната предизвикана од Русија, туку и сите народи во Европа“ и додаде дека нивните мисли се со Грција „која неправедно загуби десет иселеници кои живееја во Украина, во близина на Мариупол“./МИА/.

Next Post

УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина достигна 368 илјади

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk