ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Четири затворски казни и уште толку условни предсуди за обвинетите кои признаа вина за „Титаник“, куќен притвор за Јанакиески

February 28, 2022 15:26
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Четири казни затвор и четири алтернативни мерки – условна осуда беа пресудени за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“. На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, еден од обвинетите кои ја признаа вината, а кој ја доби најголемата, единствена казна затвор во траење од четири години и шест месеци, по барање на јавниот обвинител, Лиле Стефанова, Судот денеска му определи и мерка куќен притвор поради опасност од бегство.

Покрај Јанакиески, кој беше осуден поради „злосторничко здружување“, „повреда на слобода на определување на избирачи“ и „уништување на изборен материјал“, казна затвор од три години поради „уништување на изборен материјал“ доби и обвинетиот Коста Митровски.

На Гордана Јанкулоска ѝ беа доделени шест месеци помалку, односно две години и шест месеци единствена казна затвор поради „злосторничко здружување“, „повреда на слобода на определување на избирачите“ и „повреда на избирачко право“.  Поради „повреда на избирачкото право“ му беше пресудена единствената казна затвор во траење од една година и на обвинетиот Мунир Пепиќ.

Судечкиот човек, предводен од претседателот Осман Шабани, за останатите обвинети кои признаа вина денеска објави и пресуди за четири алтернативни мерки – условна осуда. Па така, алтернативна мерка – условна осуда му беше пресудена на обвинетиот Мартин Протуѓер со која единствената казна затвор од две години, која му беше пресудена поради „злосторничко здружување“ и „повреда на слобода на определување на избирачи“, нема да се изврши, доколку во рок од пет години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Пресуди за Титаник. Фото: МИА

Билјана Бришковска-Бошкоски поради „фалсификување на исправа“, Катерина Веловска поради „повреда на слобода на определување на избирачите“, и Киро Тодоровски поради „повреда на избирачкото право“, добија, исто така, условна осуда, со која изречената единствена казна затвор од две години, што Судот ја определи за секој посебно, нема да се изврши, доколку во рок од пет години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.

Како што информираше претседателот на Судечкиот совет, Осман Шабани, како отежнувачки околности за Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоски Судот посебно го ценел фактот што противправните дејствија ги сториле во улога на министер за транспорт и врски, односно министер за внатрешни работи, околноста што истите се досега осудувани и се водат други постапки, а истата околност за осудуваност ја посочи и за обвинетиот Мунир Пепиќ.

Како олеснителни околности ги наведе признанието на вина, коректното однесување, личните и семејни прилики како и здравствената состојба.

За обвинетите Мартин Протуѓер, Билјана Бришковска-Бошкоски, Катерина Веловска, Киро Тодоровски и Коста Митроски судот го ценеше тоа што истите не се досега осудувани и против нив не се води постапка за друго кривично дело.

Мерката куќен притвор која обвинителката Лиле Стефанова, побара да му биде определена на обвинетиот Миле Јанакиески се темелеше на повеќе фактори.

– Имајќи ја во предвид денес изречената казна за Миле Јанакиевски и фактот што обвинетиот Миле Јанакиевски веќе е осуден од овој суд со казна затвор од 6 години и 3 месеци, како и фактот што против него се водат и други кривични постапки, од една страна, а од друга страна имајќи го во предвид фактот што тој има влошена здравствена состојба поради причини на опасност од бегство, предлагам спрема обвинетиот Миле Јанакиевски да биде определена мерка куќен притвор која ќе трае до започнување на издржување на казна затвор, побара таа.

Пресуди за Титаник. Фото: МИА

Одбраната на обвинетиот Јанакиески, не се согласи со предлогот.

– Од причина што при давањето на ваквиот предлог јавниот обвинител не достави ниту еден релевантен доказ од кој судот ќе утврди дека обвинетиот Миле Јанакиевски се подготвува за бегство. Од друга страна, јавниот обвинител единствено се повика на тоа дека обвинетиот е веќе огласен за виновен и дека му е изречена затворска казна во траење од 6 години и 3 месеци, одбраната укажува дека станува збор за неправосилна пресуда за која што одбраната е во фаза на жалбена постапка поради што ќе му предложи на судот при одлучувањето по ваквиот предлог на јавниот обвинител да земе во предвид две решенија на Апелациониот суд Скопје од кои ќе може да утврди дека на обвинетиот Миле Јанакиевски веќе му се изречени повеќе мерки на претпазливост кои тој до овој момент беспрекорно ги почитувал, посочи одбраната по што судот одлучи на обвинетиот Миле Јанакиески да му биде определена мерка куќен притвор.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и обвинетите кои признаа вина, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Илија Димовски, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Станко Коруновски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Судењето за останатите обвинети во случајот кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март.

Next Post

Ѓоргиевска: Наша морална и човечка должност е да им помагаме на лицата со ретки болести

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk