ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФТ: Кина е подготвена да учестува во напорите за примирје во Украина

Промената во јавната позиција на Пекинг доаѓа по повикот меѓу кинескиот и украинскиот министер за надворешни работи - пишува Фајненшл тајмс

March 1, 2022 17:19
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кина сигнализира дека е подготвена да учествува во напорите за прекин на огнот во Украина, и дека жали за избувнувањето на конфликтот, пренесува Фајненшл тајмс

Пекинг вели дека е „екстремно загрижен за штетата врз цивилите“ изјавата доаѓа по телефонскиот разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и неговиот украински колега Дмитро Кулеба.

„Украина е подготвена да ја зајакне комуникацијата со Кина и со нетрпение очекува Кина да ја одигра својата улога во напорите за прекин на огнот“, се вели во кинеското соопштение од денеска.

Се додава дека  Кина го почитува „територијалниот интегритет на сите земји“, без да укаже дали Пекинг го прифаќа барањето на Русија за полуостровот Крим или го дели нејзиното признавање на сепаратистите во регионот Донбас во источна Украина.

Оваа соопштение ознаува промена на тонот од страна на Пекинг. Запрашан на 24 февруари дали инвазијата претставува кршење на суверенитетот на Украина, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Пекинг ја карактеризира ситуацијата како резултат на „комбинација на фактори“, но не ја опиша како повреда напад врз суверена држава.

Во деновите пред почетокот на борбите, портпаролот исто така ги опиша САД како „виновник“ за украинската криза, „зголемувајќи ги тензиите и создавајќи паника”

Минатиот петок, Кина им се придружи на Обединетите Арапски Емирати и Индија во воздржувањето на резолуцијата на ОН за осуда на руската инвазија на Украина, која беше поддржана од 87 други земји. Москва стави вето на резолуцијата.

На Зимските олимписки игри минатиот месец, рускиот претседател Владимир Путин се сретна со својот кинески колега Си Џинпинг и изјави дека пријателството меѓу нивните земји „нема граници“ и дека нема забранети области на соработка.

Некои аналитичари велат дека Кина се обидува да се позиционира како регионален миротворец, користејќи ги своите блиски врски со Кремљ.

Пекинг ги повтори претходните повици до двете страни да најдат решение преку меѓународни преговори, но продолжи да ја критикува НАТО, велејќи дека „регионалната безбедност не може да се постигне со проширување на воените блокови“.

Во изјавата, Кулеба рече дека „го замолил Ванг Ји да го искористи нивото на односите меѓу Пекинг и Москва за да ја принуди Русија да престане со својата вооружена агресија против украинскиот народ“.

Кулеба рече дека неговиот кинески колега го уверил „за подготвеноста на Кина да вложи максимални напори за завршување на војната на украинска територија преку дипломатија, вклучително и како постојана членка на Советот за безбедност на ОН“.

Ванг, исто така и се „заблагодари“ на Украина за нејзината улога во олеснувањето на евакуацијата на кинеските граѓани од земјата, вклучително и студентите кои беа преместени во Узбекистан.

 

 

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Погодена главната телевизиска кула во Киев

НАЈНОВО

ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Црвениот крст тврди дека враќањето на телата на израелските заложници може да потрае со недели

October 14, 2025
Фото: Генерирано со Ви

Левандовски еден месец надвор од терените поради повреда

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk