ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обраќање на Зеленски: Десетици жртви во ракетирањето на Харков. Никој нема да го прости, никој нема да го заборави

Ги повикуваме сите земји во светот веднаш и ефективно да одговорат на оваа криминална тактика на агресорот и да објават дека Русија врши државен тероризам. Бараме целосна одговорност за терористите пред меѓународните судови.

March 1, 2022 14:02
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

– На најголемиот плоштад во Европа – на Плоштадот Слобода. Десетици жртви. Ова е цената на слободата. Еве вакво е утрото на народот на Украина, истакнува во денешното обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Обраќањето на Зеленски Ви го пренесуваме интегрално:

„Харков. Напад со крстосувачка ракета. На најголемиот плоштад во Европа – на Плоштадот Слобода. Десетици жртви. Ова е цената на слободата. Еве вакво е утрото на народот на Украина.

Украинскиот Харков и рускиот Белгород отсекогаш биле блиски градови. На многу начини. Дури и границата меѓу нив беше само условна, само на карта, но сигурно не во душата. Не во душата. Сега се се смени. По крстосувачката ракета што го погоди Харков од Белгород. Ракетата што беше насочена кон плоштадот Слобода. Лицето на нашиот Харков. Ова е терор врз градот. Ова е терор врз Харков. Терор врз Украина. На плоштадот немаше воена цел. Како и во оние станбени области на Харков, кои се погодени од млазна артилерија. Ракетата кон централниот плоштад е директен, со ништо нескриен терор. Никој нема да го прости. Никој нема да го заборави.

Овој напад врз Харков е воено злосторство. Ова е државен тероризам од страна на Руската Федерација. После вакво нешто Русија е терористичка држава. Очигледно. И тоа мора да биде официјално. Ги повикуваме сите земји во светот веднаш и ефективно да одговорат на оваа криминална тактика на агресорот и да објават дека Русија врши државен тероризам. Бараме целосна одговорност за терористите пред меѓународните судови.

Харков и Киев во моментов се најважните цели за Русија. Теророт е насочен кон тоа да не скрши. Да го скрши нашиот отпор. Тие одат во нашиот главен град исто, како и во Харков. Затоа, одбраната на главниот град денес е клучен приоритет за државата. Во сите градови во Украина мора да се направи се за да се запре непријателот. За ова се одговорни воените и цивилните власти на секој град. Но, Кијив е посебен. Ако го заштитиме Кијив – ќе ја заштитиме државата. Кијив е срцето на нашата земја. И тоа мора да чука. И ќе чука за да го победи животот.

Почитувани граѓани на Киев! Одбраната на главниот град е пред се. Затоа решив за време на војната да назначам професионално воено лице за началник на Кијивската градска воена управа. За да се гарантира одбраната на градот. Да ги блокираме приближувањата на непријателот кон нашиот главен град. За жителите на Кијив да имаат се што им е потребно. Началник на воената администрација ќе биде генерал Жернов, Микола Миколајович. Тој служеше како командант на силите за поддршка. На високо ниво ја организираше инженерската поддршка на борбените операции на Вооружените сили на Украина во 2014-2015-та година. Сега Советот за национална безбедност и одбрана е државен експерт на Службата за воена безбедност. Виталиј Кличко останува градоначалник на Кијив. Тој ќе има своја сфера на одговорност. И сега тоа ќе биде заедничка работа на градоначалникот и началникот на воената администрација. По војната се ќе вратиме на своето место во главниот град.

Што се однесува до нашите дипломати. Нашите дипломати токму сега носат правични и апсолутно неопходни одлуки во однос на државите кои го предале својот збор и меѓународното право. Веднаш го отповикуваме амбасадорот од Киргистан на консултации. За оправдување на агресијата врз Украина. Веднаш го отповикуваме амбасадорот од Грузија. За пречките за волонтерите кои сакаат да ни помогнат. За неморалниот став во врска со санкциите.

А сега сакам да кажам за оние чиј подвиг е пример за највисока морална сила. Тоа се нашите лекари. Вие спасувате луѓе деноноќно. Секогаш. А сега вашата работа е една од клучните линии на нашата одбрана. Вие брилијантно ја одржувате. Веќе илјадници животи се спасени во овие пет дена. Благодарен сум му на секој и на секоја кои во овие исклучително тешки услови на нашиот народ му обезбедуваат се што е потребно за живот. Храна, енергија, лекови. И му благодарам на обичниот народ на Украина, кој со голи раце ги запира тенковите, со сила на духот ги протерува окупаторите од административните згради и го прави нивниот престој во Украина срамен. За да им докажат дека сите тие се странци овде. Ова е народна војна. Ова е народот на Украина.“

Next Post

Ковачевски: Северна Македонија не е повеќе хибриден режим според „Економист", тоа е поттик за нас

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk