ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Освен Апасиев и Стевчо, сите други се согласни дека ѓаволот ја однесе шегата!

Главните релевантни партии и нејзините врвни функционери (некои макар и со извесно задоцнување) излегоа со јасна осуда за агресијата на Русија кон Украина. Важно е што, ако за ништо друго, на македонската официјална политичка сцена барем за ова постои јасен (се)национален консензус. Бидејќи ѓаволот ја однесе шегата.

March 1, 2022 12:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Македонија е демократска држава и во неа секој има право да има каков сака став по сите домашни и меѓународни прашања. Тие можат да бидат и пристрасни и емотивни и навивачки и аполитични и лошо информирани и „обоени“ на секаков друг начин, иако јавниот простор треба да подразбере дека не треба да бидат навредливи и нетолерантни кон другите, кон оние со поинакви мислења од вашите. Нејсе.

Сепак, квалификуваноста на ставовите на „обичните“ граѓани спаѓаат во категоријата „анонимни“, дури и кога и ако се потпишани со вистинско име и презиме, бидејќи изразуваат лични мислења (мнозински, малцински, сеедно). Тие по својата одговорност за изречениот збор не можат да се споредат со ставовите на луѓето кои официјално претставуваат политички, државни, невладини, еснафски или експертски организации и јавни професии од актуелната проблематика за која се изречени. Со други зборови, една е одговорноста на министерот за финансии или на професор од економски факултет кога ја оценува висината на официјалната стапка на инфлација, а друго се потсмешливите или гневни коментари за покачувањето на цената на лебот и колачите во маалската пекара. Се разбираме.

Тоа се однесува и на изречените ставови за војната во Украина. Уште долго ќе „пече“ кафеанската забелешка на „громовникот“ Стевчо Јакимовски по повод руската агресија врз Украина („Кој бира комичар за претседател, ќе јаде гранати за појадок“) што е изречена од претседател на партија, избран за градоначалник со илјадници гласови на локални избори. Не знам за што го гласале граѓаните на Карпош, но не верувам дека го избрале заради ваквите „гастрономски“ коментари со кои се потсмева на маката на милиони Украинци.

Во случајот на Димитар Апасиев ситуацијата е поквалификувана, бидејќи неговите национал-социјалистички идеи се добро образложени и познати на македонската политичка сцена, поткрепени со низа претходни ставови полни со антизападна омраза и заложби за сечење раце, глави и други салонски револуционерни закани, купишта вербални фрустрации омилени кај неколкуте десетици илјади негови поддржувачи.

На тоа треба да се додадат и еден-двајца отсекогаш маргинализирани локални политички провокатори, припадници на никогаш до крај демонтираните удбашки инсталации во земјава, чија политичка релевантност не досега ни до сите членови на нивните семејства. За помалку упатените, пак, е изненадување некни објавениот став на сопственикот на дневниот весник „Лајм“, Фејзи Хајдари, кој оцени дека „за првпат на албанските простори гледам ‘приклонување’ кон Русија кај медиуми и политичари и во Приштина и во Македонија, додека устите им се полни со ‘Америка, Америка’“. Овој, објективно, необичен феномен ќе треба во некоја наредна прилика подлабоко да се анализира, но ако не се во прашање истите удбашки „корени“ на ваквите албански ставови, ќе треба да е во прашање некоја слична антизападна фрустрација за која на Балканот има доволно и добри и лоши причини (дури) и кај етничките Албанци.

Но, добро е што на македонската политичка сцена ваквите политички заложби се „збиени“ на еден релативно мал политички простор, бидејќи главните релевантни партии и нејзините врвни функционери (некои макар и со извесно задоцнување) излегоа со јасна осуда за агресијата на Русија кон Украина. Бидејќи, прашањето е премногу драстично и принципиелно – сега веќе и заканата со употребата на руското нуклеарно оружје е ставено „на маса“ – за да може на тие официјални нивоа евентуално да се „цинцулира“ низ призмите на интелектуалните, идеолошките, историските или моралните анализи за улогата на Истокот и Западот на Балканот, во Европа или светот. Таквите важни политички нијанси и целосни несогласувања и оспорувања се пригодни, па и добредојдени, во „цивилниот“ дел од јавноста, низ колумни, телевизиски дебати, фејсбук-постови и друг вид полемики.

Важно е што, ако за ништо друго, на македонската официјална политичка сцена барем за ова постои јасен (се)национален консензус. Бидејќи ѓаволот ја однесе шегата.


Преземено од ЦивилМедиа / Текстот е личен став на Авторот
Next Post

Маричиќ: ЕУ интеграцијата е висок приоритет, „Отворен Балкан“ останува отворен за сите, членството во НАТО е гаранција за нашата безбедност

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk