Од Санкт Петербург до Сибир, Русите продолжуваат да се спротивставуваат на воената инвазија на Украина од нивната земја, а антивоените протести се проширија во повеќе од 50 градови, пишува Радио Слободна Европа.
– НЕ за војната, вие сте фашиси, извикуваа дел од демонстрантите. „Не сакам мојата нација да убива мои пријатели во друга држава, моја пријателка залепила хартија на прозорците за во случај на бомбардирање стаклото да не излета насекаде“, вели една од демонстрантите. Војната е скапа, а Русија станува се посиромашна и посиромашна веќе осум години со ред, на никого не му треба ова, додаде таа.
Страшни се и моментите во кои полицијата ги разбива протестантите за да ги уапси.
Полицијата ги разби протестите на 27 февруари, приведувајќи повеќе од 2.700 луѓе, според групата за права ОВД-Инфо(Руски недржавен медиумски проект за човекови права насочен кон борба против политичкиот прогон).
обработка: М. М.