ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Задорожњук: Рускиот режим користи забранети касетни и вакум бомби, засилија нападите врз цивилни објекти

March 1, 2022 14:38
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шести ден од војната на фашистичкиот руски режим против Украина. Блицкригот на Путин не успеа. Изјавата на Владимир Путин од 27 февруари да ги доведе силите за одвраќање, вклучително и нуклеарните сили, во „специјален режим“ укажува на неуспехот на Русија да оствари блицкриг против Украина. Русија сама не се справува со Украина, поради што Белорусија се вклучи во војната со нашата држава, истакнува украинската амбасадорка во Северна Македонија Натилија Задорожњук.

Таа известува дека проценетите загуби на руските сили утрото на 1 март изнесуваат: 5.710 лица и повеќе од 200 заробеници.

„Значително се засилени ракетно-артилериските напади врз цивилни објекти (станбени згради, училишта, породилишта), употребата на диверзантски групи кои влегуваат во украинските градови и села, облечени во украински воени или полициски униформи. Има кршење на законите за водење на војна. Рускиот режим користи забранети касетни и вакуми бомби. Овие злосторства против човештвото ќе ги истражува Меѓународниот суд на правдата“, вели Задорожњук.

Нагласува – Украина не е сама. Со Украина е целиот демократски свет.

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Украина треба да стане членка на ЕУ. Германија ја запре сертификацијата на гасоводот Северен тек 2, одлучи да и достави сериозни количини оружје на Украина. Трција донесе одлука да го затвори Црноморскиот теснец за воени бродови на Русија. Приклучувањето на традиционално неутрална Швајцарија кон санкциите на ЕУ против Русија е многу важно“, вели Задорожњук..

Таа истакнува дека антипутинската коалиција води целосна економска и финансиска војна со Русија, максимално помагајќи ѝ на Украина за уривање на рускиот режим.

„Како резултат на западните санкции, рубљата падна на историски најниско ниво, сите аеродроми во Европа и не само во Европа се затворени за Русите.

Граѓаните на Русија не сакаат да го запрат своето лудо раководство кога бомби паѓаат врз мирните Украинци, кога се пукаат луѓе од тенкови, кога нивните ракети убиваат украински деца, можеби сега, кога се соочуваат со секојдневни проблеми поради изолацијата на Русија и поради големиот број загинати руски војници ќе почнат поактивно да излегуваат на улица и ќе го запрат своето лудо раководство.

Европа и светот исто така водат активна контрапропаганда на лажната руска пропаганда. Руските канали кои шират дезинформација, РТ и Спутник, масовно се затвораат во Европа.

Во Чешка, Обвинителството веќе ги покренува првите кривични случаи против приврзаниците на Кремљ според членот за одобрување и пропаганда на геноцид и блокираа 8 пропагандни веб страни.

Дури и во Северна Македонија, гледаме значителни промени во покривањето на настаните, при што сè помалку медиуми користат информации од руски пропагандни извори.

Што се однесува до Украина. Колку повеќе непријателот не убива, толку духот на Украинците станува посилен. Според последните анкети, 70% се уверени дека Украина ќе успее да го одврати нападот на руските окупатори. 91% од Украинците ги поддржуваат постапките на Претседателот Зеленски.

Русите не разбираат дека таков отворен, одвратен и нехуман напад само ги обедини сите Украинци, а злосторствата против човештвото не сеат паника, туку гнев и лутина.

Повеќе од сто илјади се пријавија како доброволци, има огромни редици за дарување крв. Обичните луѓе ги донираат своите заштеди за финансиски да помогнат во одбрана на својата земја. Историски бран на патриотски подем ја зафати Украина.

Путин погрешно пресмета, тој објави војна на повеќе од 40 милиони патриотска нација.

Ние се бориме и ќе се бориме за нашата слобода.

Секој кој е подготвен да и даде реална поддршка на Украина може да се обрати во Амбасадата за конкретни информации.

Исто така, би сакала да им се заблагодарам на сите официјални претставници на Северна Македонија, градоначалниците, политичките партии, јавните организации, повеќето медиуми и обичните граѓани за нивната многу силна поддршка на Украина. Заедно ќе победиме“, потенцира во обраќањето амбасадорката Задорожњук.

 

Next Post

Бектеши: Нема место за паника, ниту ќе има ценовни шокови, располагаме со доволно производи и стоковни резерви

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk