ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кражба на души

Не, не мора никој да нè „ангажира“, за да бидеме искрено загрижени и солидарни со било кој човек на светот, со било кој бегалец од страдањата што ги носат диктаторите, немаштијата и војните. Нема потреба од задоволување на посебни критериуми за да сочувствуваме со неизмерната болка што ги носат човечките загуби од војната. Напротив, тоа е човечки, толку човечки! Кој не го разбира тоа, има ужасен проблем.

March 2, 2022 13:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ги гледам просоветските тролови како се нафрлија на медиумските прилози, вестите, анализите и колумните поврзани со руската агресија врз Украина и врз мирот во целиот свет. Тие не ги гледаат, не ги читаат и не ги слушаат вестите. Не ги прифаќаат.

Седнати се во тобоганите на пропагандата која трае со години. Тоа им е најудобно. Не мора да се платени, напротив, убеден сум дека најдобар дел од нив се „корисни идиоти“ (израз кој му се припишува на Ленин). Пропагандната доктрина стара еден век која, не само што не е напуштена никогаш, туку е постојано усовршувана, однесе неброени животи низ светот. буквално.

Не е срамота да се промени мислењето

Не мора да значи дека дистрибутерите на таа пропаганда се неинформирани и необразовани луѓе. Напротив, уште од првиот миг на создавањето, а така и сега, мета на пропагандата со која се „произведуваат“ корисни идиоти на „спротивната страна“ се „независни и критички“ умови, академици, интелектуалци, креатори на јавното мислење. Без навреда и со најдобри намери, ја нудам оваа добра тема за размислување за време на паузата со „десетка“ со или без кромид, „смути и веџи сендвич“ или што и да е дел дневната рутина.

Не е срамота да се промени мислењето. Срамота е да се биде во ситуација да влијаете јавното мислење или на мислењето во вашата непосредна околина, а тоа да се искористи за да ѝ се робува на деструкцијата. Погледнете ги вестите, но ослободени од емоциите на страв што ви ги предизвикува пропагандата. И не додавајте „ама“ и „што со“ во вашите мисли, само погледнете ги вестите.

Вистинските патриоти

Не е тоа филм, тоа се факти. Нема оправдание за било која агресија, нема оправдание за убивање цивили, меѓу кои жени и деца. Точка.

Погледнете ги десетиците илјади демонстранти во Русија. Не се тоа платеници, туку патриоти. Вистински патриоти. Тоа се луѓе што тргнале во благородна цел – да ја спречат војната и да му кажат на светот дека не сакаат да ја споделат одговорноста за страдањата што ги предизвикува „императорот“ од Кремљ.

Жртви на системот

Со години се работело и сега се работи на вас. Време е да ја сопрете кражбата на вашата душа. Не им се предавајте на оние што бесплатно ги користат вашите мозоци, како што „копачите“ на криптовалути крадат струја или сајбер криминалците што нечујно влегуваат во вашите компјутери и ги крадат вашите информации, пари и приватност.

Да се вратам, накратко, кај „обичните“ тролови. Тие не се многу писмени. За жал, со секој свој коментар го откриваат своевидниот криминал што со генерации го извршуваат политичарите и медиумите, но и институциите за образование и култура, оние што ги креираат политиките во општеството. Накратко, тие се жртви на главните носители во процесите во кои се креира политичката култура на едно општество. Можете да ги наречете и жртви на системот.

Во една војна, вистинска и крвава или хибридна, не се виновни пешадинците, виновни се генералите. Кажете им не. Имате право на тоа и не е срамота.

ПС. И да им одговорам на сите од ова место. Не, не мора никој да нè „ангажира“, за да бидеме искрено загрижени и солидарни со било кој човек на светот, со било кој бегалец од страдањата што ги носат диктаторите, немаштијата и војните. Нема потреба од задоволување на посебни критериуми за да сочувствуваме со неизмерната болка што ги носат човечките загуби од војната. Напротив, тоа е човечки, толку човечки! Кој не го разбира тоа, има ужасен проблем. 

Next Post

МААЕ: Руските сили ја имаат контролата врз нуклеарната централа во Запорожје

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk