ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска-Фугер: Со новите проекти за социјална заштита ќе им помогнеме на ранливите категории на граѓани

March 3, 2022 14:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска се сретна со австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика Харалд Фугер, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

На состанокот беше разговарано за  проекти и активности на полето на социјалната заштита. Беа разменети и искуствата за услугата за поддржано вработување на ранливата категорија на граѓани, за младите во ризик  и нивно враќање во образовниот и работниот процес, за заштита од семејно насилство, за измените во Законот за работни односи во делот на родителско отсуство и за мажите.

Министерката Тренчевска посочи дека  Република Австрија  како пријателска земја е силен поддржувач на социјалните реформи и на  интеграцијата во ЕУ и дека со потпишаниот меморандум за соработка, активно се продолжува соработка меѓу двете земји. Таа рече дека Законот за работни односи се усогласува со европските директиви.

„Со новиот предлог закон за работни односи ќе воведеме родителското отсуство со кое и таткото ќе може да се грижи за детето. Во моментот таткото има право да земе отсуство заради раѓање на детето, но тоа многу малку се користи. Со новиот ЗРО ова право останува и дополнително се предлага да има  денови кои задолжително ќе му следуваат на таткото, рече Тренчевска.

Австрискиот аташе Фугер информираше дека наскоро ќе почне да се  имплементира проект со кој мажите ќе бидат вклучени во негувателската професија.

„Пилотираме услуги на поддржано вработување во пет региони во Македонија. Овие проекти веќе се при крај и наскоро ќе почнат да се имплементираат.  Со проектот „Втора шанса“, на младите луѓе кои се надвор од образовниот и работниот процес, ќе им се помогне да се вратат назад во системот. Тие ќе добијат  поддршка за стручно образование и вработување. Работиме и на проектот за борба против домашното насилство и за жртвите и за сторителите“, рече Фугер.

Министерката Тренечевска нагласи дека МТСП и Центрите за социјална работа активно работат на овoj предизвик и на  мулти институционалнит пристап за справување со родово базирано насилство, насилство врз жените и семејното насилство.  Таа посочи дека во текот на оваа година согласно Истанбулската конвенција ќе се воспостават пет специјализирани сервиси за жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и дека се работи на воспоставување на електронски систем со кој сите информации за жртвата од пријавувањето па се до судската пресуда ќе бидат на едно место.

Next Post
Харков, Украина. Фото: Anadolu Agency

34 цивили убиени во Харков изминатиот ден за време на руските напади

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk