ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Tренчевска: Со отворањето на Ресурсниот центар за родово одговорно буџетирање, потврдуваме дека сме лидери во регионот во родовата еднаквост

March 3, 2022 17:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Родово одговорните буџети се клучни за создавање на еднакви можности за жените и мажите. Единствен начин да покажеме дека нашата заложба за родова еднаквост е вистинска, а не декларативна е буџетите да станат родово одговорни“,  рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска при отворањето на првиот Ресурсен  центар  за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во државата и регионот.

Ресурсниот центар е отворен од страна на Министерството за труд и социјална политика во соработка со UN Women, во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

Целта на негово воспоставување е да обезбедува обуки за унапредување на капацитетите на државните службеници во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање.  Тој ќе претставува центар на знаење и ќе документира истражувања, анализи и други ресурси поврзани во областа на родовата еднаквост.

Министерката Тренчевска информираше дека Министерството  работи и на подготовка на нов Закон за родова еднаквост, кој ќе придонесе за надминување на досегашните  недостатоци, преку обезбедување на еднаквост и  елиминирање на стереотипите.

„Ова Законско решение предвидува воспоставување на Секретаријат за родова еднаквост,  како највисоко тело, кое ќе ја координира и следи работата на институциите и локалната самоуправа при имплементација на законот. Исто така, го предвидува и воспоставувањето на Ресурсниот центар, како дел од планот и програмата за работа на Министерството, а во согласност со Програмата за работа на Владата на РСМ.

Амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман Марти подвлече дека креирањето на Ресурсниот центар е резултат на долготраен процес започнат пред 10 години, кога всушност се зачетоците и на родовото одговорно буџетирање  во земјава.

„Северна Македонија е пионер во воспоставувањето на родово одговорното  буџетирање и веќе  стекнатото практично искуство ќе може да го надградува,“ рече швајцарската амбасадорка.

Таа ја поздрави исклучителната посветеност и лидерската улога на Министерството  за труд и социјална политика и Секторот за еднакви можности при министерството, во областа на имплементацијата на родовите политики во земјава.

Шведската амбасадорка Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон, истакна дека родовата еднаквост е основна цел на шведската надворешна политика и треба да биде составен дел на секое општество.

„Вклучувањето на родовите аспекти во главните политики значи примена на родовата перспектива во сите наши секојдневни активности и  услугите за граѓаните. Шведска е горда што го поддржува формирањето и функционирањето на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики. Со нетрпение очекуваме да видиме како тој се користи за градење на капацитетите на администрацијата во примената на родовата перспектива во нивната работа за доброто на сите граѓани на Северна Македонија,“ рече шведската амбасадорка.

Постојана координаторка на Обединетите нации во Северна Македонијa, Росана Дуџиак, се осврна на поддршката на агенциите на ООН во насока на зголемување на институционалните капацитети и зајакнување на националните механизми за родова еднаквост на земјава. Таа го посочи и учеството на агенциите на ООН,  во креирањето на важни документи како што е Национална стратегија 2021-2026 и новиот Закон за родова еднаквост кој е во подготовка.

„Само заедно можеме да ги добиеме резултатите што сакаме да ги видиме и да создадеме средина што ни е потребна на сите,“ рече Дуџиак.

“Ресурсниот центар, кој е прв во регионот, ќе им овозможи на владите и партнерите да споделуваат нови знаења, да промовираат учење и размена на добри практики за тоа како буџетите и фискалните политики еднакво одговараат на потребите на жените и мажите”, рече Блерта Цела, заменичка регионална директорка на UN Women за Европа и Централна Азија.

Родовата еднаквост и еднаквите можности на жените и мажите е еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија. Во таа насока се и сите активности кои имаат за цел унапредување на законодавството,  политиките и стратешките документи кои се однесуваат на оваа област.

 

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја усвои потребата за донесување Декларација за осуда на воените напади врз Украина

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk