ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина разочарана од МААЕ: Не се осмелија да спомнат кој пукал во нуклеарната електрана

March 4, 2022 11:32
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи на Украина најостро го осудува гранатирањето и заземањето од страна на окупаторските вооружени сили на Руската Федерација на подрачјето на АЕЦ Запорожје во градот Енергодар, соопштуваат од МНР на Украина.

Известуваат дека како резултат на гранатирањето на територијата на нуклеарната централа Запорожје, избувнал пожар при што загинале и повредени се лица. Пожарот сега е изгаснат.

Како што се наведува во соопштението подрачјето на АЕЦ Запорожје моментално е под контрола на руските вооружени единици.

„Персоналот на станицата ја следи состојбата на енергетските единици и ја обезбедува нивната работа во согласност со барањата на технолошките прописи за безбедно работење. Нивото на радиоактивното зрачење моментално е во рамките на нормалата.

Ладењето на нуклеарното гориво во енергетските единици на  АЕЦ Запорожје е обезбедено со проектни системи на енергетски единици во согласност со барањата на технолошките прописи за безбедно работење. Истовремено, губењето на способноста за ладење на нуклеарното гориво може да предизвика радиоактивно оштетување на значителни територии и да има непоправливи последици за животната средина во Европа. Покрај шесте енергетски единици на подрачјето на АЕЦ Запорожје, има и складиште за искористено нуклеарно гориво, чие оштетување може да доведе и до ослободување на радиоактивност.

Како резултат на тоа, таквата катастрофа може да ги надмине сите претходни несреќи во нуклеарните централи, вклучително и несреќата во АЕЦ Чернобил и АЕЦ Фукушима – Даичи.

Со својот вооружен напад врз нуклеарен објект, Русија ги прекрши сите меѓународни договори во рамките на МААЕ, пред се Повелбата на МААЕ, Заедничката конвенција за безбедност на управувањето со искористено гориво и за безбедноста на управувањето со радиоактивен отпад, Конвенцијата за предупредување за нуклеарни несреќи и Конвенцијата за заштитана нуклеарниот материјал. Гранатирањето на АЕЦ Запорожје е исто така грубо кршење на Договорот за неширење на нуклеарно оружје и на Меѓународната конвенција за сузбивање на акти на нуклеарен тероризам.
Изразуваме разочараност за реакцијата на МААЕ, која во своето соопштение не се осмели да спомене кој пукал во станицата. Бараме јасна и одлучна акција од МААЕ.

Министерството за надворешни работи на Украина ја повикува меѓународната заедница најостро да ги осуди дејствијата на руските окупатори, кои можат да доведат до нуклеарна катастрофа без преседан.
Ги повикуваме нашите партнери да преземат итни чекори за да ја принудат Русија да ги повлече своите вооружени сили од нуклеарната централа и да се создаде безбедносна зона.
Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба веќе им наложи на украинските дипломатски мисии да започнат итни контакти со партнерите, вклучително и со МААЕ, со цел да се подготви меѓународен одговор на руската агресија врз нуклеарните постројки.“ стои во соопштението од МНР на Украина.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

„Марка“: Убиен руски генерал во Украина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk