ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Членството на Северна Македонија во НАТО е столб на регионалната безбедност, средба Петровска – сер Стјуарт Пич

March 7, 2022 21:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Лондон, Обединетото Кралство, министерката за одбрана Славјанка Петровска попладневно имаше средба со британскиот специјален претставник за Западен Балкан, сер Стјуарт Пич со кого разговараа за моменталната безбедносна состојба во Европа.

„Северна Македонија, по три децении стана полноправна членка на Алијансата и тоа во клучен момент за европската безбедност. Фактот дека нашата земја речиси две години е сојузник во НАТО е една од најважните алатки за одржување на безбедноста и стабилноста во регионот. Балканот, а особено Западниот Балкан е стабилен и мирен и тоа останува наша заложба“, рече министерката Петровска.

Во контекст на најголемиот безбедносен предизвик во Европа во последните децении, инвазијата на Руската Федерација врз Украина, Петровска порача дека воените дејствија мора итно да запрат и дека Украина ја има целосната поддршка и од нашата земја.

Сер Стјуард Пич кој неодамна престојуваше во својата прва официјална посета на Северна Македонија по преземањето на функцијата специјален претставник за Западен Балкан, го поздрави единството на земјите кои застанаа во поддршка на мирот, против војната. Во контекст на актуелниот безбедносен момент во Европа, тој потенцираше дека не треба да се дозволи Западниот Балкан да има отворени прашања од безбедносен аспект и да биде подложен на надворешни влијанија.

Посетата на Лондон продолжува со работна вечера со Мартин Викерс, член на Парламентот и претседавач на сепартиската парламентарна група за Северна Македонија во британскиот Парламент и средба со Алисиа Херберт, специјална пратеничка на министерката за надворешни работи и министерка за жени и еднаквост во британската влада, Лиз Трас. Во текот на утрешниот ден Петровска и делегацијата ќе бидат официјално пречекани и од министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Влада: Со одговорен пристап, стабилно менаџирање на кризата

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk