Важно известување за Украинците кои пристигнаа во Република Северна Македонија поради војната на територијата на Украина и бараат место за живеење! А исто така и за граѓаните на Република Северна Македонија, кои имаат можност да помогнат во сместување на лица од Украина или да ги сместат бесплатно во своите домови!-соопшти Амбасадата на Украина во земјава.
„Би сакале да ве информираме дека официјалниот ресурс „Прихисток“ работи: *
На оваа страница можете да објавите информации за населените места, бројот на слободни места и контакти, на кои можете да понудите или да најдете бесплатно сместување.
Тоа е удобен и докажан сервис кој помага да се координираат напорите на оние кои бараат помош и оние кои можат да ја обезбедат.
Ги повикуваме граѓаните на Република Северна Македонија да ја користат веб-страницата „Прихисток“ доколку сакате со домување да им помогнете на жените и децата кои биле принудени да дојдат во нашата земја бегајќи од војната!“, велат од Украинската амбасада.