ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мизо: Украинската криза го намали обемот на работа во автомобилската индустрија 

March 11, 2022 12:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Војната во Украина има големо индиректно влијание врз производствените процеси на компаниите од автомобилската индустрија во земјава, поради проблемот со испораката на компонентите и репроматеријалите кон клиентите во Европа, оцени претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо.

Токму кризата во Украина, како што посочи за МИА, е причината и за намалување на обемот на работа или запирање на производството на голем дел од компаниите производители на автомобили во Европа. Компаниите Фолксфаген, Мерцедес, Порше, Ауди, Мини, се само дел од погодените во моментов.

– Македонските компании, добавувачи за автомобилски компоненти се соочуваат со намален обем на работа, а со тоа и со потенцијално скратено работено време, односно намалување или оптимизирање на вработените и работните места преку упатување на принуден одмор или реорганизација на производството, рече Мизо, посочувајќи дека со зголемувањето на цената на струјата, нафтата, храната, гасот, транспортот…. драстично се зголемени и дополнителните трошоци.

Со почетокот на војната, нагласи, веднаш почнале проблемите со испорака на компоненти кои се произведуваат во Украина, како и суровини потребни за производство на делови од возилата кон клиентите во Европа. Дополнително, според Мизо, денешната ескалација на конфликтот во Западна Украина, каде што се лоцирани најголем дел од добавувачите од автомобилската индустрија, би предизвикало уште поголемо влијание на ланецот на добавувачи. Се осврна и на изјавата на извршниот директор на Фолксфаген Херберт Диес дека воената состојба ќе има поголеми економски влијанија од пандемијата.

– Освен недостатокот на компоненти дополнително се зголемија и цените на многу репроматеријали, кои доаѓаат од тој регион и неизвесно е како и до кога ќе може да се увезуваат. Покачувањето на цената на енергенсите и постоечката инфлација може да предизвика намален обем на производство на компаниите, бидејќи компаниите од тој регион не се во можност да ги испорачаат овие компонентите, изјави Мизо

Шест од странските компании, кои имаат производствени процеси во земјава имаат и во Украина и сите тие на еден или друг начин се афектирани од војната. Германски, американски и јапонски компании од автомобилскиот сектор вработуваат над 60.000 луѓе во Украина и претежно произведуваат кабли, навлаки за седишта и електроника. Повеќето од компаниите се трудоинтензивни, а нивните производи се интегрален и важен дел од европскиот ланец на добавувачи.

– Тоа не влијае на прозиводството во Македонија локално, но влијае индиректно на клиентите. Индиректно сме погодени, бидејќи ако ги нема компонентите кои се произведуваат во Украина за европскиот пазар, тоа возило не може да се склопи т.е. произведе и тогаш отпаѓа потребата и од нашите компоненти. Ова е дополнително нешто, кое ќе влијае и ќе ги ги чуствуваме последиците во претстојниот период. Зависно во кој дел од ланецот се лоцирани компаниите во Македонија и брзината на ефектот кон нив ќе биде побрз или бавен, појасни Мизо.

Според него, сите сме во ситуација, да чекаме да видиме колку долго ќе трае војната и како ќе се одрази, се додека не се креира некаква рамнотежа.

– Воената состојба, зголемената инфлација, намалениот економски сентимент, општата несигурност, како и запирањето на продажбата на рускиот пазар, каде заедно со украинскиот годишно се продаваат скоро два милиони нови автомобили, годинава драстично ќе ја намалат продажбата на нови возила во Европа, споредено со 2021, согласно првичните планови за опоравување. Многу компании веќе најавија повлекување на производството и продажбата од рускиот пазар, истакна Мизо.

Компаниите од автомобилската индустрија се уште ги чуствуваат последиците од недостатокот на чипови, со кој се соочуваа минатата година, покажано преку падот на продажба на нови возила. Во јануари годинава беше забележано најниското ниво на продажба во Европа, откако се води статистика на ниво на Европската унија, а и февруарските бројки се oчекува да се помали од истиот месец лани./МИА/.

Next Post

Речиси милион Украинци без струја поради руската инвазија

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk