Според податоците од Генералштабот на вооружените сили на Украина, вкупните борбени загуби на Русија од 24.02 до 11.03 приближно се: персонал – повеќе од 12 илјади луѓе, тенкови – 353, авиони – 57, хеликоптери – 83, пишува на Фејсбук профилот на Министерството за Одбрана на Украина.
„Вкупните борбени загуби на непријателот од 24.02 до 11.03 се приближно: персонал – повеќе од 12 илјади луѓе, тенкови – 353, ББМ – 1165 единици, артилериски системи – 125 единици, MLRS – 58 единици, воздушна одбрана – 31 единица, авиони – 57, хеликоптери – 83, моторни возила – 558, бродови / чамци – 3, резервоари за гориво – 60, UAV оперативно и тактичко ниво – 7“, се наведува во објавата.
Податоците се ажурираат. Пресметката е комплицирана поради високиот интензитет на непријателстките напади, истакнуваат од украинското Министерство за одбрана.
Непријателски загуби според податоците од МО на Украина, дневно: персонал – 266, тенкови – 18, ББМ – 60 единици, артилериски системи – 2 единици, MLRS – 2 единици, противвоздушна одбрана – 2 единици, авиони – 0, хеликоптери – 0, возила – 32 .
М. А.