ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европските либерали бараат замрзнување на преговорите сè додека Србија не се усогласи со ЕУ за Русија

March 12, 2022 17:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Девет европратеници од либералната група „Обнова на Европа“ (Renew Europe) испратија писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел во кое бараат привремено замрзнување на преговорите со Србија и стопирање на финансиската помош од ЕУ додека Белград не го усогласи ставовите со ЕУ за Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

Писмото во кое „Јуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) имаше увид, меѓу другите го потпишал и Никола Бер, потпретседателка на Европскиот парламент и член на владејачката Слободна демократска партија на Германија. Меѓу другите потписници се Клемен Грошељ од Словенија, Илхан Ќучук од Бугарија, Петрас Аустевичиус од Литванија, Урмас Пает од Естонија и Барт Гротиус од Холандија.

– Цврсто сме убедени дека Србија покажува опасно придвижување кон авторитаризам, што е во остра спротивставеност со нејзината паралелна аспирација за влез во ЕУ, а оваа двосмисленост кулминираше со одбивањето да воведе санкции кон Русија како одговор на нејзината агресија врз Украина. Затоа ја повикуваме Комисијата уште еднаш да ги повика српските власти да се приклучат на заедничкиот став на ЕУ за Русија. Доколку Србија уште еднаш одлучи да го игнорира овој повик, бараме привремено замрзнување на преговорите за пристапување во ЕУ со српската Влада и ускратување на финансиската поддршка од ЕУ земјите, сè додека не преземе веродостојни, опипливи и недвосмислени активности со цел на усогласување на своите изјави, политики и вредности со Европската Унија, се наведува во писмото.

И покрај привременото замрзнување на финансиската помош, пратениците изразија поддршка за граѓанското општество и малите и средни претпријатија во Србија.

– Србија има целосно право да го следи моделот на Путин ако сака, но мора да биде јасна во своите намери и да престане да се преправа дека има сериозни аспирации за членство во ЕУ. Србија е слободна да одлучи во кој правец сака да оди, но не може и понатаму да се смета за доверлив соговорник и не може да продолжи да ја користи претпристапната финансиска помош додека не се одлучи, се истакнува во писмото.

Исто така се наведува и дека Србија само пред неколку месеци влегла во десеттата година од преговорите за влез во ЕУ со различни степени на напредок и отворање на нови кластери.

– Отсекогаш сме биле свесни за значајните економски, социјални и културни врски на Србија со Русија, поради што српските власти задржаа двосмислена позиција во однос на нивните вистински намери да ги почитуваат обврските преземени во рамките на пристапувањето во ЕУ. Србија во последните години ја зајакна соработката со режимот на Путин, особено во енергетската и воено-техничката соработка, ги зајакна односите со Лукашенко во Белорусија и доби дарежливи донации на оружје од двете земји.

Се проценува дека Србија, за жал, исто така значително назадувала во областите како владеење на правото, човековите права, слободата на медиумите и слободата на изразување.

– Навистина е зачудувачки да се види како, по години претпристапна поддршка и интензивни пристапни преговори, српскиот медиумски амбиент, строго контролиран од владејачката партија СНС, го фали Путин и шири лажни вести за ЕУ и руската агресија во Украина на дневно ниво, се наведува во писмото.

Next Post

(Видео) „Париз под бомби“ за да се сензибилизираат Европејците

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk