ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Психијатар меѓу навредувачите на Славјанка Петровска

March 12, 2022 11:43
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пречекана со највисоки државни и воени почести, Лондон, март, 2022 година.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пречекана со највисоки државни и воени почести, Лондон, март, 2022 година.

Share on FacebookShare on Twitter

На социјалните мрежи осамнаа информации дека меѓу толпата навредувачи кои константно ја напаѓаат минстерката за одбрана, Славјанка Петровска е и извесен психијатар од Скопје. Во морето злобни коментари се наоѓаат навреди по секаква основа, од физички изглед, интелектуална способност или  мизогинија.

На Фејсбук и Твитер може да се најдат „безброј“ лични навреди кон Петровска. Најмногу од нив се однесуваат на килограмите, и во таа насока, коментарите се ужасни и запрепастувачки а упатени се и од мажи и од жени.

 

Во однос на изјавите на министерската Петровска на почетокот на војната во Укриана, кои беа поврзани со НАТО, многу погрдни коментари беа упатени кон неа, почнувајќи од „ти да одиш мори свињо“, до „си ја заборавила терапијата“.

Лошите коментари не престанаа и откако беше објавено дека министерката е во посета на Лондон и дека министерката била пречекана со поздрав на македонски јазик и дека британската гарда и ја отсвири  „Јовано, Јованке“.

Јавното понижување трае со месеци, а ретко кој надлежен реагираше по ова прашање. Досега реакции пристигнаа од Центарот за слобода ЦИВИЛ и „СоНеаСме“, поточно Ирена Цветковиќ од Маргини објави принтскрин колаж од навреди упатени кон Петровска и јавно ја поддржа.

Во реакцијата на #СоНеСме се наведува:

„Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омраза. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата. Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сексистичка призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење“.

ЦИВИЛ најостро го осудува крајно сексистичкиот, мизоген, деградирачки и нечовечки однос и говор на омраза, во случајов кон министерката Славјанка Петровска, како и кон секоја жена и девојка, на, и вон социјалните мрежи. Оттаму постојано ги повикуваат институциите да преземат соодветни и остри мерки кон секој што произведува говор на омраза, како и граѓанките и граѓаните кои очигледно лесно подлегнуваат под организираната хајка со крајна омраза врз родова основа кон јавни личности, но и кон сите жени што не се изложени директно во јавноста.

Со осуда за експлицитниот говор на омраза и поддршка за Петровска, на своите профили на социјалните мрежи, се огласија повеќе јавни лица, меѓу кои Радмила Шекеринска, Мила Царовска, Петре Шилегов и други.

И. З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 50 воени возила ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари

July 2, 2025

Пратеничка пријавила закани

July 2, 2025

Мицкоски: Пописот не е и не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка за да знаеме како да ја развиваме државата

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk