ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Почна примената на антикризните мерки – пониски цени на горивата и основните производи за намалување на ценовниот шок

March 13, 2022 08:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на горивата се намалуваат од денеска, а во следните денови и цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата. Ова е резултат на донесените мерки за намалување на ДДВ и акцизата, а со цел намалување на ценовниот шок поради војната во Украина.

Во следните три месеци, односно до крајот на мај годинава стапката на ДДВ за основните производи за човечка исхрана ќе биде намалена од 5 на 0 проценти, а данокот на горивата се намалува од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денар.

Повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата се продолжува до крајот на 2022 година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на прес-конференција во Владата вчера ги повика граѓаните и стопанствениците да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет, нагласувајќи дека сите мерки се преземаат навремено и дека нема простор за паника.

Донесените законските измени, рече Бесими, предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството.

Премиерот Димитар Ковачевски, во видео обраќање до јавноста, вчера порача дека пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, има за цел заштита на граѓаните и стопанството.

– Единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност. Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот насочуваме за поддршка на граѓаните и компаниите. Покрај сите овие кризни мерки, ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и имаме рекордно покачување не пензиите како и финансиска поддршка за пензионерите, изјави Ковачевски.

Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, сетот мерки на Владата е задоцнет и нема да ја подобри состојбата, но сепак и тие го поддржаа во Собранието.

–  Па не мислам дека сетот мерки се доволни, затоа што е задоцнет, генерално тие кои што се суштински ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели ги предлагаше, но поради надменоста на оваа Влада и самобендисаноста тие не успеаја да се надминат себеси и тогаш да ги прифатат, еве малку модифицирани ги доставија до парламент ги поддржавме, иако се задоцнети иако знаеле пред 4 месеци дека до ова ќе дојде, изјави Мицкоски, вчера во Свети Николе.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, вчера увери дека се преземени сите неопходно мерки и дека има залихи на жито, како и дека стоковите резерви се на законски пропишаното ниво.

Имаме, рече Николовски, големи залихи кај млиновите – 50 илјади тони пченица, 10.000 тони пченка, јачмен за кој што постигнавме во овие три години целосно задоволување на домашното производство. /МИА./

Next Post
energy.gov

Украина тврди дека Русија сака целосна контрола врз нуклеарната централа Запорожје

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk